Никола Греуевски со фејсбук статус им одговори, како што вели, на шпекулациите во јавноста дека ќе фаворизирал некој од можните кандидати за лидер на ВМРО-ДПМНЕ.
Нов претседател на партијата се очекува да се изгласа на вонредниот Конгрес, закажан за 22 и 23 декември.
„Јас не планирам да се мешам во одлуките на делегатите, ниту да им сугерирам кого да поддржат и одберат за Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Имајќи предвид дека сите тие беа и сеуште се мои блиски соработници, јас не планирам „да застанам зад еден“, да фаворизирам еден, а на сметка на другите кандидати користејќи го моето влијание како долгогодишен Претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Изборот на Претседател на ВМРО-ДПМНЕ треба да е демократски и да произлегува од длабоката верба кон таа личност на оние кои ќе гласаат и оние кои им ја делегираат таа привилегија – членовите на ВМРО-ДПМНЕ“ , вели Груевски.
Објаснувајќи какви сè релации имал со предложените кандидати, додава дека новоизбраниот лидер треба да има визија и капацитет како сигурно и убедливо да ги победи СДСМ и Зоран Заев.
На крајот, во својот статус на фејсбук, ги поучува сите членови на партијата, но и идниот лидер, како да се однесуваат пред самиот избор, но зборува и за одговрноста при задржување на единството на партијата.
И за крај, ниту еден во ВМРО-ДПМНЕ: „ Да не заборават дека улогата и довербата кон лидерот на партијата од страна на електоратот е одлучувачка при гласањето на изборите. Да не забораваат дека на 23-ти декември треба да го одберат идниот Премиер на Република Македонија“, заклучува Груевски.
Б.Јордановска