• Latest

Груевски: Ќе работиме на привлекување на инвеститори во Кавадарци

October 25, 2017

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Груевски: Ќе работиме на привлекување на инвеститори во Кавадарци

October 25, 2017 10:15
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и кандидатот за градоначалник на Кавадарци од коалицијата „За подобра Македонија“, Митко Јанчев, вечерва ги претставија проектите со кои ја бараат поддршката од кавадарчани за вториот круг од локалните избори закажани за в недела.

„Ќе работиме на привлекување инвеститори, а посебно за инвеститор за фабрика за откупување на вишокот на грозје и претворање на вишокот во алкохолен дестилат, во однос на потребите на пазарот“, рече Груевски.

Ни требаат, истакна, градоначалници кои ќе ги пречекаат инвеститорите и ќе им дадат добри можности.

„Затоа е важно да победиме во Кавадарци за да има уште инвеститори и да растат платите“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Истовремено, потенцира Груевски, Кавадарци и Митко Јанчев ќе овозможат граѓаните да се стекнат со сопствен дом по симболична цена од само евро по квадратен метар. Нудат, како што рече, концепт каде ќе нема неасфалтирана и неосветлена улица и со парк во секое маало. За во Ваташа најави дека ќе се изгради велосипедска и пешачка патека покрај кејот на реката Луда Мара и од Ваташа до Моклиште.

„Токму во Ваташа ќе имаме и решавање на проблемот со експропријација, со откуп на земјиште до самиот училиштен двор, за да се обезбеди простор за изградба на спортска сала во ОУ Д.А.Габерот. Поради дотраеност и зголемување на пропусната моќ на колекторскиот систем на отпадни води, преку ЈП Комуналец ќе се изврши реконструкција на колекторот кај Ваташа, ќе направиме и доизградба на мостот на реката Луда Мара“, нагласи Груевски.

Тој имаше средби и со жителите во урбаните заедници „Киро Крстев“ и „Љубаш“. Пред нив се обрати и кандидатот за градоначалник Јанчев, кој исто така се осврна на проектите коишто се планирани за општина Кавадарци.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Кавадарцилокални изборимитингМитко ЈанчевНикола Груевски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ