Атмосферата во Куманово во однос на двојазичноста, барем според зборовите на граѓанинот со кој зборуваше новинарската екипа на ЦИВИЛ, е одлична. Албанците во Куманово се задоволни.
„Сите Албанци, од мали до стари, гласавме за Заев. Подобар човек е од оној (Груевски)… Груевци ништо не знаат, само ако можат да крадат“ вели соговорникот.
Соговрникот додава дека Заев им го дал јазикот на Албанците и тие ќе си го добијат како што треба, само уште пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат.
„Хан дојде се испоздрави со Али Ахмети, Зијадин Села и со Заев и мора да биде (да се изгласа)“, вели граѓанинот.
Б.Јордановска
Камера: Атанас Петровски