Поранешната грузиска министерка за надворешни работи Саломе Зурабишвили победи на претседателските избори, објави денеска државната изборна комисија. Зурабишвили стана првата жена што ја врши функцијата претседател на Грузија.
„Земјата денеска донесе клучна одлука…Сите ние, дефинитивно и решително му велиме ‘не’ на минатото“, рече Зурабишвили.
Новата претседателка должноста ќе ја преземе кон средината на декември.
Таа беше кандидат од владејачката партија Грузиски сон, а претходно беше амбасадорка на Грузија во Франција и министерка за надворешни работи од 2004 до 2005 година.