• Latest

Грците против терминот Македонија во името

January 31, 2018
Скриншот од страницата на окружниот совет Лудвигслуст-Пархим

Германската крајно десничарска партија AфД во Лудвигслуст има руска е-мајл адреса

November 18, 2025
Фото: Скриншот од видео од профилот на Доналд Туск на Х

Двајца Украинци кои работеле за руското разузнавање осомничени дека стојат зад саботажата на железничката пруга во Полска

November 18, 2025
Александар Вучиќ (кафеав елек) со Воислав Шешељ над Сараево за време на српската опсада. Скриншот од видео на Sandžak Avaz

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево Сафари“

November 18, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Грците против терминот Македонија во името

January 31, 2018 09:55
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

„Не“ за сложено име со вклучен термин Македонија, велат над половина Грци, односно 59 проценти, покажува последното истражување на јавното мислење во Грција. Во анкетата спроведена од агенцијата Pulse за телевизијата Action 24, за 72% од испитаниците е важен спорот за името, а 65% оценуваат дека се позитивни протестите за „Македонија“. Поголема доверба анкетираните Грци имаат во претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, отколку во актуелниот премиер Алекис Ципрас, за да управува и на најдобар начин за Грција, да го реши прашањето со името.

Како што јавува дописникот на МИА од Атина, во однос на терминот Македонија 59% одговориле дека не се согласуваат, 35% рекле дека се согласуваат. На прашањето „Лично Вие, се согласувате или не се согласувате со решение на спорот со името на поранешната југословенска Република Македонија со сложено име што ќе го содржи терминот „Македонија“? , анкетираните одговориле: 17% сигурно се согласувам, a 40% сигурно не се согласувам, јавува МИА.

Против сложено име со терминот Македонија се изјасниле 46% од гласачите на СИРИЗА, 68% од гласачите на Нова демократија, а највисок е бројот на оние кои на последните избори гласале за Златна зора – 79%. Резултатите покажуваат дека поддршката за сложено име е помала од 50% кај гласачите на сите политички партии. Во однос на возраста на испитаниците, највисок е процентот на не прифаќање кај оние што имаат од 30 од 44 години, односно 66% се против терминот Македонија.

На прашањето, колку за Грција е важно прашањето за името, 72% одговориле дека е важно (55% многу важно, 17% доста важно), 11% средно важно, а 11% сметаат дека е малку или дека не е воопшто важно, 6% пак не одговориле. Спорот меѓу Македонија и Грција, според истражувањето, најважен е за гласачите на Златан зора (85%), а потоа, според резултатите, следат оние што на последните избори гласале за Нова демократија (82%) и на владејачката СИРИЗА, со 68% од анкетираните да одговараат дека е многу или доста важно прашањето за името.

Од агенцијата што го спроведе истражувањето, на анкетираните, објави МИА, им ја поставиле дилемата, Алексис Ципрас или Кирјакос Мицотакис – во кој од овие двајца имаат повеќе доверба да управува и на најдобар начин за Грција, да го реши проблемот со името. Тројца од 10 Грци, односно 32%, го избрале лидерот на опозициската Нова демократија, а 24% актуелниот грчки премиер. Четиринаесет проценти рекле ниту еден од двајцата, а 30% не одговориле.

Алексис Ципрас добил 51% поддршка кај гласачите на СИРИЗА, а Кирјакос Мицотакис 66% од оние кои на изборите во 2015 гласале за неговата партија.

Во истражувањето спроведено од 26 до 29 јануари, за грчката телевизија Action 24, од анкетираните се бара да го оценат неодамнешниот протест во Солун и сличните активности поврзани со Македонија. Шеесет и пет проценти го оценуваат сигурно или веројатно позитивно, а само двајца од десет анкетирани (23%) имаат негативно мислење. Најголема поддршка за протестите дале оние што се на возраст меѓу 30 и 44 години (70%) и над 60 години (68%).

Владејачката СИРИЗА, јавува дописникот на МИА од Атина, официјално е против и не ги поддржува протестите, ниту оној што пред 10 дена се одржа во Солун, ниту следниот, закажан за во недела во Атина. Но, според истражувањето, гласачите имаат поинакво мислење. Шест од 10 граѓани кои на минатите избори гласале за СИРИЗА, односно 57% ги оценуваат сигурно или веројатно позитивно собирите за „Македонија“


Извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини
Tags: анкетаГрцијаимеМакедонија
Share35Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ