• Latest

Грците со пореална перцепција на прашањето за името

April 19, 2018

Изборна хроника: Експерименти, вилаети, Халкидики, Дубаи и Холандски парк меѓу ветувањата за инклузивност, градинки и противпожарни станици

October 7, 2025
Снимка од украински војници како држат знаме во Сичњеве, Днипропетровската област, Украина. Снимки објавени на 7 октомври 2025 година. Фото: 141-ва механизирана бригада/Телеграм

„Ја ослободуваме нашата земја, чекор по чекор“ – Украина известува за успешен контранапад во Днипропетровскaта област

October 7, 2025
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Грците со пореална перцепција на прашањето за името

April 19, 2018 10:10
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Половина од анкетираните Грци (50%) сметаат дека заемно прифатливо решение за името со севкупна употреба е во служба на грчките интереси, а исто толку (51%) оценуваат дека Грција не може да постигне договор без да биде вклучен термин „Македонија“ во името,  покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата ALCO за грчкиот информативен портал News247.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, на прашањето до анкетираните „дали сметаат дека Грција во преговорите би можела да постигне име без зборот Македонија“, 51% одговараат негативно, 31% позитивно, а 18% не знаат или одбиле да одговорат.

Еден од двајца Грци (50%) смета дека заемно прифатливо име за севкупна употреба подобро би им служело на грчките интереси, наспроти 32% кои го одбрале одговорот дека е подобро да остане непроменет актуелниот статус. Останатите (18%), не знаеле или одбиле да одговорат.

– Важните заклучоци што произлегуваат од резултатите од истражувањето,  покажуваат формирање на реална перцепција во врска со прашањето на поранешната југословенска Република Македонија, бидејќи испитаниците во мнозинство (50%) сметаат дека е во служба на грчките интереси заемно прифатливо решение, а не сегашниот статус (32%), пишува информативниот портал News247.

Анкетата на ALCO за News247, била спроведена од 11 до 16 април, преку телефонски интервјуа, а биле вклучени 1000 испитаници.

Ова е второ истражување во Грција за 48 часа што покажува поразлична слика на јавното мислење во однос на прашањето за името, наспроти анкетите од изминатиот период во кои според резултатите Грците имаа радикални позиции особено во врска со употребата на терминот Македонија.

Како што завчера објави МИА, резултатите на агенцијата Palmos Analysis, во истражувањето за информативниот портал tvxs.gr (во сопственост на европратеникот од СИРИЗА, Стелиос Кулоглу), покажаа дека речиси 6 од 10 Грци се согласуваат со решение со сложено име за севкупна употреба, на македонски јазик, без превод, пропратено со промена на Уставот и прашањата поврзани со иредентизмот, додека пак 71% сметаат заемно прифатливо решение, ерга омнес им оди во прилог на грчките национални интереси.


Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ