„Гугл“ ја прекинува соработката со кинеската компанија „Хуавеј“. Одлуката доаѓа по мерките на САД против Кина. Мерката ги опфаќа сите зaеднички дејности во врска со трансферирање хардвер, софтвер и сервисите, но не и софтверот со отворен код што се развива во „Гугл“ и кој „Хуавеј“ би можел да го користи, како што е програмата АОСП – отворена верзија на Андроид, достапна како слободен софтвер.
Овa се однесува на новите корисници, додека сегашните корисници на „Хуавеј“ со апликациите на „Гугл“ ќе можат и натаму да ги користат овие апликации, а новиот смартфон на „Хуавеј“ нема да има пристап до Гугл плеј стор, Јутјуб, Џимејл, Гугл драјв и Хром.
„Ги разгледувамме последиците од овие одлуки. За корисниците на нашите услуги, Гугл плеј и Гугл плеј протект, тие услуги и натаму ќе функционираат на уредите на „Хуавеј“, изјави претставник на компанијата „Хуавеј“.
Прекинот на соработката може да наштети на работата на „Хуавеј“, кој ќе загуби пристап до ажурирањата.