• Latest
Професор д-р Марјан Ѓуровски/Фотгорафија: Б. Јордановска

Ѓуровски: Во овој момент безбедноста не е загрозена, но има безбедносни ризици и закани од случувањата на Блискиот Исток кои на индиректен начин може да влијаат

October 3, 2024

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Ѓуровски: Во овој момент безбедноста не е загрозена, но има безбедносни ризици и закани од случувањата на Блискиот Исток кои на индиректен начин може да влијаат

October 3, 2024 14:23
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО
Професор д-р Марјан Ѓуровски/Фотгорафија: Б. Јордановска

Професор д-р Марјан Ѓуровски/Фотгорафија: Б. Јордановска

Share on FacebookShare on Twitter

Војната меѓу Иран и Израел ги прави земјава и регионот потенцијално ризични и затоа треба уште поинтензивно да имаме размена на информации со стратешките партнери – САД и НАТО, смета Марјан Ѓуровски, националниот координатор на Балканската безбедносна мрежа и носител на проектот за спречување на пролиферација на оружје за масовно уништување.

-Сметам дека во овој момент безбедноста на Македонија не е загрозена, но постојат безбедносни ризици и закани кои на индиректен начин на она што се случува на Блискиот Исток може да влијае во ЕУ, а со тоа и индиректно да има влијание и врз состојбата во Македонија. Потенцијални терористички напади, потенцијално движењето на луѓето кои биле дел од тие структури на Хезболах и т.н., но треба да бидеме одговорни. Нема потреба од страв, едноставно ние сме дел од колективниот безбедносен систем на НАТО и верувам дека како досега, и понатаму партнерите Америка и НАТО ќе ни помогнат за поголемо безбедносно превенирање, изјави Ѓуровски, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на дводневната конференција за „Влијанието на пролиферацијата на напредното конвенционално оружје на безбедноста и диверзификацијата на набавките и модернизацијата“.

Претседателката како Врховен командант, според Ѓуровски ги има сите релевантни податоци и информации и нагласи дека е многу важно „да се реагира и да се разменуваат информациите“ меѓу безбедносно-разузнавачката заедница и партнерите од НАТО и кога е неопходно и ќе процени претседателката да го свика Советот за национална безбедност.

– Фокусот на меѓународното влијание, заради оваа војна што се случува помеѓу Израел и Иран го фрла фокусот и на Америка и на Европа на Блискиот Исток и верувам дека Балканот не треба да биде заборавен, затоа што имаме бројни отворени прашања. Босна и Херцеговина е многу потенцијален безбедносен ризик за Македонија и целиот регион во иднина, доколку остане ваква статус кво ситуација, изјави Ѓуровски.

Носителите на институциите, но и на опозицијата во земјава и на Балканот, според Ѓуровски треба да водат одговорни политики и да придонесуваат кон подигање на домашните капацитети на отпорност, затоа што пред се домашната задача на справување со безбедносни ризици преостанува на нашите домашни институции.

-Подигањето на домашните капацитети, продолжувањето на модернизацијата и опремувањето на Армијата, продолжувањето на реформите и трансформацијата на безбедносно-разознавачката заедница, врз основа на професионализација и департизација е особено важно за да, пред се таа отпорност и ризичност која ја имаме како општество да ја зголемиме, изјави Ѓуровски.

Во однос на надворешната политика и дали и како, евентуалните резултати и промена на американскиот претседател ќе влијаат на глобалната политика, според Ѓуровски, нашата држава треба да го продолжи и зајакне стратешкото партнерство со САД.

-Многу е важно што кај нас, сите парламентарни политички партии и сегашната нова влада стои на основниот сегмент на зајакнување на стратешкото партнерство со САД. Нема други алтернативи и алтернативни патчиња кои ќе не одведат до други сојузи и коалиции и сметам дека токму единствено зајакнување на ова стратешко партнерство и соработката со НАТО ќе ни овозможи да го надминеме и овој период на скептицизам и дефетизам кај македонското население кој е реален и објективен поради односот кој го има и од последните одлуки на ЕУ кон Северна Македонија и почетокот на преговорите, појасни Ѓуровски.

Балканската безбедносна мрежа и денешната конференција, посочи Ѓуровски доаѓаат во вистински момент бидејќи, како што нагласи придонесува за градење на капацитетите на институциите на системот, на министерствата за одбрана и за надворешни работи и пред се подигање на отпорноста на безбедносно одбранбениот систем, но и политичкиот систем, изјави Ѓуровски.

Даниел Шунтер, основачот на регионалната иницијатива проект Балканска безбедносна мрежа, посочи дека дводневната конференција има за цел размена на искуства и информации меѓу земјите од регионот, како Србија, Словенија, Хрватска, Унгарија, Романија и Грција и да научат повеќе за тоа што се случува во Северна Македонија на полето на модернизација и диверзификација, за исполнување на НАТО стандардите.

–  Македонија има многу важна и конструктивна улога во регионот и е активна во операциите на НАТО. Македонија, исто така, спроведува модернизација што е добро усогласена со целите на Алијансата, но Северна Македонија е важен придонесувач и кон регионалната безбедност, изјави Шунтер.

Според, пензионираниот американски потполковник Џон Капело, предизвиците со кои се соочува Северна Македонија, се соочуваат и САД, особено на полето на модернизацијата.

– Сите треба да донесеме тешки одлуки за тоа како да потрошиме ограничени ресурси за да изградиме национална безбедносна структура што ќе ги задоволи нашите национални безбедносни потреби. Македонија не е ништо поразлична во тој поглед од САД и затоа е важно да имаме вакви разговори, размена на искуства и градење на партнерства, изјави Капело.

Дводневната конференцијата вклучуваа експертски панел дискусии со детална анализа на пролиферацијата на напредно конвенционално оружје и стоките со двојна намена со фокус на режимите на меѓународна контрола вклучувајќи ги санкциите на ЕУ и САД, како и специфични предизвици од оваа област кои произлегуваат од руската инвазија на Украина. Како што најави, организаторот, ќе бидат разгледаат студии на случаи: примери од регионот за последиците од кршењето на санкциите преку ре-извоз на технологии со двојна намена со воена намена. Покрај тоа ќе се направи увид од регионот со преглед на трендовите на диверзификација и модернизација на вооружените сили на Црна Гора, Србија, Словенија, Северна Македонија и други земји во регионот, со посебен осврт на преминувањето од стари ACW со советско/руско потекло на други решенија. Фокус ќе се стави на значењето на информирањето на јавноста за споменатите теми и улогата на стратешките комуникации во борбата против дезинформациите во областа напредно конвенционално оружје, пренесе МИА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ