• Latest

Хајка или реален приказ како ги третираме жените? „Институциите се тие кои требаат да им ја дадат поддршката на жртвите на насилство“

February 21, 2023

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025

Во Црна Гора уапсени осум лица поради насилство и поттикнување национална и верска омраза

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Хајка или реален приказ како ги третираме жените? „Институциите се тие кои требаат да им ја дадат поддршката на жртвите на насилство“

February 21, 2023 11:25
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Хајка или реален приказ за тоа како ги третираме жените жртви на насилство? Ова прашање изминатите денови можеме да го забележиме во јавноста после контроверзното интервју на Драган Павловиќ – Латас за подкастот на Стефан Лазаров, во кое новинарот раскажуваше за неговото сексуално искуство како тинејџер, со девојка која била малтретирана и тепана. Иако јутјуберот синоќа излезе со ново видео во кое се извини, но исто така порача дека сето ова е оркестирано и има сериозна позадина, новинарот Латас не се извини и го обвини дури поранешниот премиер Зоран Заев дека стои поради целата ситуација, пренесува Локално.

Наспроти ова, јавноста е згрозена од ваквиот говор во подкастот. Се упатуваат жестоки критики, но и се бараат казни откако Обвинителството веќе вчера соопшти дека оформило предмето по овој случај. Според „Здружение Реактор – Истражување во акција“ кажаното е во насока на максимална деградација на женскиот род.

-Дополнително, иако искуството е споделено од страна на гостинот, водителот ја сноси одговорноста за споделување на видеото без осуда на искажаната содржина. Реактор го осудува сексистичкиот и криминоген говор во подкастот, велат од „Реактор“ за „Локално“.

Појаснуваат дека ваквиот тип на говори, особено јавно, на социјални мрежи со илјадници следачи и гледаност се препрека за целосно остварување на човековите права и зголемување на родовите стереотипи.

-Кажаното во поткастот е типичен пример на демонстрирање на моќ кон жените, дополнително создавајќи понижувачка и застрашувачка атмосфера во јавноста што води до поголема дискриминација и оневозможување на родова еднаквост. Денес, кога се прават напори да се унапреди родовата еднаквост ваквите говори се голем чекор назад за нашето општество, особено за мажите и жените, потенцираат од невладината организација.

На прашањето како да се искорени ваквата реторика од таму велат дека поаѓајќи од индивидуално ниво, секој од нас има обврска да го почитува другиот.

-Дополнително, важна е институционалната одговорност при борбата со ваквите реторики, јавна осуда од релевантни институции и борба со културата на неказнивост – носење соодветна легислатива и мерки кои ќе санкционираат, правосуден систем кој ќе реагира брзо и ќе постапува по закон, итн. Од клучно значење е и вклучувањето на курикулими во образованието кои од најмала возраст ќе посочуваат кон важноста на разбивањето на родовите стереотипи кои се движечка сила на родовата нееднаквост и загрозувањето на физичката и психичката добросостојба на жените поради нееднаквите родови позиции во општеството, ни рекоа од „Реактор“.

Додаваат дека иако имаме уште простор за усогласување со меѓународната легислатива, сепак може да кажеме дека имаме соодветно законодавство, на кое се работи особено по ратификацијата на Истанбулската конвенција во 2017 година.

-За жал, имплементацијата е таа што сѐ уште претставува голем проблем кај нас. Непостапувањето на институциите и неказнувањето на сторителите остануваат да бидат сериозна закана во справувањето со ваков говор и родово-засновано насилство во сите негови форми, истакнаа од невладината организација.

Со осуда се огласија и од „Стар- прв колектив на сексуални работници на Балканот“. Од таму за „Локално“ велат дека како здружение кое работи со едни од најранливите категории на граѓани во општеството, „сведоци се на се поголем број на случаи на насилство, а што е уште пострашно, сведоци се на јавно нормализирање на сексуалното насилство, како што е во овој случај со интервјуто на новинарот Драган Павловиќ – Латас во поткастот на Стефан Лазаров“.

-Нашето здружение, кое повеќе од 10 години работи во насока на подобрување на општествениот контекст во кој живеат и работат сексуалните работници во Република Северна Македонија, најстрого го осудува недоличното однесување и говор на Драган Павловиќ – Латас и последователната реакцијата на таквиот говор, на Стефан Лазаров.

Јавното промовирање на насилство врз жените, особено сексуалното насилство, говорот на омраза, кои се присутни во интервјуто на новинарот, е згрозувачко и неприфатливо. Сметаме дека е од голема важност, институциите да почнат сериозно да работат на анализирање и решавање на ваквите проблеми со цел во иднина да се превенира секаков облик на насилство, а виновниците да се санкционираат, објаснуваат од невладината организација.

За жал, посочуваат од „Стар“, иако во последните години законските рамки за заштита од насилство, говор на омраза и дискриминација се подобрува, сепак системот за заштита е сè уште недоволно функционален во пракса.

-Институциите имаат должност да го унапредат спроведувањето на овие законски рамки, како и мерките за подигање на свеста и одговорноста којашто секој треба да ја сноси доколу практикува ваква реторика. Институциите се тие кои требаат да им ја дадат поддршката на жртвите на насилство, децидни се од невладината.

За тоа дали нашето законодавство е доволно строго кон ваквиот говор, од „Стар“ потенцираат дека на хартија законите се добро формулирани.

-Она што отсуствува е како што напоменавме погоре, суштинска заложба за практично решавање на проблемите со кои се соочуваат жртвите на насилство, дискриминација и говор на омраза. Она што е најважно во ваквите случаи, е итноста од промени во јавната свест и мислење за овие сензитивни прашања, соопштија од здружението.

Здружението против насилство и трговија со луѓе Отворена порта, активно веќе 23 години се занимава со проблемот на тргуваните лица.

-Најголемиот број на потенцијални и жртви на трговија со луѓе се деца на возраст од 12 до 17 години кои активно  добиваат  соодветна помош и поддршка, се залагаме за праведност и надминување на сите трауматски искуства што ги доживуваат жртвите. Со прикажаната изјава од страна на лице односно повеќе лица кои извршиле сексуално насилтво и силување врз  дете и даваат приказ на „херои“, за жал  не се доживуваат како насилници, сторители на кривично дело за кое треба да сносат соодветна одговорност. Ние како здружение го осудуваме овој неморален чин на родово базирано насилство, велат од невладината организација за „Локално“ во однос на спорното интервју кое веќе е избришано од Јутјуб.

Сметаат дека ваквата реторика може да се искорени со соодветна реакција и одговор од страна на одговорните институции на различните форми на родово заснованo насилство со тоа и спречување на нормализирање на  насилството врз -жените и девојчињата и казнување на сторителите.

-Според  Законот за спречување и заштита од насилство  врз жените  и семејно насилство  предводени се мерки се  уредува постапувањето на институциите со должно внимание при преземањето на мерки за превенција од родово-базирано насилство врз жените и семејното насилство, постапувањето на институциите за заштита, меѓусебната координација на институциите и организациите, услугите за заштита на жртвите, вклучувајќи и гонење на сторителите на родово-базирано насилство, како и итни мерки за заштита на жените од родово-базирано насилство и жртвите на семејно насилство. Сепак треба да се зајакне спроведувањето на законот во пракса. Ова дело се случило одамна и не можат да се превземат соодветни мерки, но треба да се направи јавна осуда на сторителите за ова кривично дело, ни рекоа од „Отворена порта Македонија“.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: говор на омразанасилство врз жениосудасексизам
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ