За прашањето за личност на годината, коешто е вообичаено и помалку досадно да се поставува на крајот на годината, претпоставувам дека моето мислење нема да се совпадне со она на мнозинството. Нормално е дека личност на годината ќе биде човек чие име секој ден, по неколку пати дневно, се споменува. А тоа е премиерот.
Меѓутоа, што се однесува до граѓаните Албанци во Македонија, личност на годината без сомневање е Фатиме Фетаи. Ќе се прашате зошто? Еве во последно време како да бледнее и нејзиниот лик во споредба со претходно. Но, таа доживеа нешто што ретко некому му се пружа прилика. Пред неа седнаа двајца лажни патриоти Албанци, кои 30 години се продаваат како големи патриоти и заштитници на правата на Албанците. Кои со помош на албанската пропаганда, тука мислам на Албанија и на нивните лидери, плаќајќи им пари и на медиумите во Албанија да ги промовираат како заштитници на правата на Албанците. На крај, тоа што сите го знаевме и доживеавме е дека тие биле до смрт верни на удбашите. Не викам дека не сме имале и порано Албанци кои биле верни на УДБА. Но, лидери на партии 25 години се претставуваат како борци за правата на Албанците, а всушност биле шпиони на Сашо Мијалков.
Сега, тие се, едниот како обвинет, а другиот како осомничен, пред Фатиме Фетаи. Дури Илир Мета и Еди Рама, застанаа во негова одбрана и рекоа дека Али Ахмети бил најзаслужниот за приближувањето на Македонија кон НАТО и ЕУ. Голема работа! И тие таму лично се врзани со разни коруптивни дејства.
Ако сакаат Албанските лидери во Албанија да им помогнат на Албанците во Македонија тие треба да ја поддржат Фатиме Фетаи, а не Али Ахмети. Тој по два предмети е под истрага од страна на Специјалното Јавно Обвинителство, лично кај Фатиме Фетаи.
Текст: Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Биљана Јордановска