поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Невозможно е да се осигури решавање на предметите што произлегуваат од нелегалните прислушувања, како што се бара во Извештајот на ЕК, кога се знае дека во Македонија, за да се штитат високи државни и партиски функционери на власт, со закон е забрането објавувањето на снимените разговори.
Во Извештајот со право, и не случајно, се истакнува дека корупцијата е сеприсутна во многу области и треба да се обезбеди попроактивен пристап од сите чинители инволвирани во спречувањето и борбата против корупцијата.