поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Ниту граѓаните, ниту ЕУ, не треба да очекуваат, да се надеваат и веруваат, дека криминалот и корупцијата во Македонија ќе го гонат тие што со закон го забранија објавувањето на десетини илјади “бомби” и нивното користење во судски постапки.
Не треба да се заборави, исто така, дека, не случајно, не се прифати ниту препораката на Венецијанската Комисија, да се објавуваат сите прислушувани разговори, вклучувајќи ги и приватните, доколку го допираат јавниот интерес.