поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Граѓаните на Македонија со нетрпение веќе скоро четири години чекаат да се прочисти барем еден обвинител или судија, или да се открие некој корупциски случај од високо ниво.
Новиот министер за Правда и специјалниот Вицепремиер за Корупција, откако стапија на функција, сѐ уште секој ден, со голем оптимизам, само ветуваат дека, откако ќе ги “координираат сите институции”, ќе почнат со конкретни мерки и акции. Никој, па и тие самите не знаат кога тоа ќе се случи.