поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Со најновата најавена намера на Владата, како што нагласува нејзиниот прв заменик, од буџетот на државата, што го полнат сите граѓани, приватните компании да добиваат субвенции за вработување на Албанци, се очекува на наредните избори значително да се зголеми и бројот на гласачите на партијата на власт, исто како што се случи со првиот премиер албанец што ќе биде во последните сто дена од мандатот.
Останува нејасно само дали овие “вработени” ќе мора да одат на работа или ќе можат да седат дома, како што е случајот со голем број од “рамковните” повеќе од десет години.