• Latest

Хелсиншки комитет: Трагедии од ваков вид треба да делуваат мотивирачки на институциите конечно да преземат неодложни мерки за спречување на влијанијата на корупцијата

January 31, 2025

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Хелсиншки комитет: Трагедии од ваков вид треба да делуваат мотивирачки на институциите конечно да преземат неодложни мерки за спречување на влијанијата на корупцијата

January 31, 2025 14:16
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

За сообраќајната несреќа во која завчера на бул. „Партизански одреди“ загина 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино со допис до медиумите реагира канцеларијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права кој укажува дека до трагедијата довел „феноменот на неказнивост, деценски присутен во нашето општество“.

-Судејќи според информацијата објавена од страна на Обвинителството, станува збор за сторител на повеќе тешки кривични дела од кои едното, исто така е сообраќајна незгода во која едно лице било повредено, а тој и понатаму продолжил да учествува во сообраќајот без да поседува возачка дозвола.

Ваквото провлекување во правниот систем несмонено укажува на пропуст на институциите да превземат соодветни мерки за да се спречи понатамошното вршење кривични дела во сообраќајот. Се уште не се познати сите правни моменти во случајот и причините поради коишто му се овозможило на сторителот, на ваков начин, да го изигрува правниот систем, но тоа е прашање на коешто ќе треба да одговорат органите на прогонот и другите надлежни институции, наведуваат од Хелсиншки комитет.

Комитетот посочува дека граѓаните „повторно се наоѓаат во состојба на правна несигурност, страв и уште повеќе зголемена недоверба во инстуциите и правосудниот систем“.

-Трагедии од ваков вид треба да делуваат мотивирачки на институциите конечно да преземат неодложни мерки за спречување на влијанијата на корупцијата коишто, патем речено, се главните причини за постоење на неказнивоста во нашиот правен систем.

Државата пред се и над се треба да презема мерки граѓаните да живеат во општество во коешто институциите треба да им ја овозможат правдата сигурноста и благосостојбата. Жртвите како младата Фросина се темна дамка и потсетник за тоа дека се додека постојат вакви случаи, државата не успеала да им го обезбеди на граѓаните она што им го гарантира со Уставот и законите на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението на Хелсиншки комитет.

Комитетот  информира дека во наредниот период ќе собира информации од надлежните институции и „во зависност од констатираната фактичка состојба ќе предложи свои препораки до надлежните органи“.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ