• Latest

Хистерија

November 19, 2018

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Хистерија

November 19, 2018 10:37
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

До неверојатен степен се искачува хистеријата кога се споменува – тој. Често пати се прашував кој е тој? Зошто ни го прави ова? Што толку ние нему му згрешивме за вака да ни прави? И одеднаш налетувам на пост на фејсбук на Љуми Беќири каде тој пишува:

„Што ако тој никогаш не постоел, туку ние сме го измислиле?“

Војо Цветановски

Како бомба одекна ова во мојата глава. Веднаш му вратив на постот.

„Јас сум сигурен дека е така“.

Го замолив да ја употребам оваа негова фраза како повеќе поднаслови за еден мој веќе срочен текст на кој му недостасуваше заокружница. Проценив дека оваа би била идеалната. Љуми се согласи. И почнав:

Тој којшто никогаш не ни постоеше, се облече како жена, ги издаде другарите и пребега во друга земја, со друг пол, друг идентитет и веројатно друго име и презиме. 11.436 + луѓе кои живеат во оваа земја, во која живееме и ние останатите Македонци, му стиснале лајк на постот кога се пријавил каде е.

„Гледаш ли?“, ме праша еден пријател.

„Гледам“, му одговорив. „Што да гледам. Брука. Срам.“

„И?“, ме праша. „Што мислиш?“

„Што имам јас да мислам. Алал да му е. Алал да им е. Што друго да кажам“.

Тој кој што никогаш не ни постоеше, а требаше да е некој кој по задолжение треба да е прв качен на палубата именувана како Македонија и доколку не дај Боже почне да тоне истиот тој брод, односно се случеше војна во државава, како што беше и тоа како сериозна индикацијата за такво нешто да се случи на 24.12.2012 или попознато како „црниот понеделник“ или 09.05.2015 попознато уште и како „Диво Насеље“ во познатото населено место во Куманово, или на 27.04.2018 попознато како „крвавиот четврток“, тоа е истиот оној, кој не ни постои, а кој требаше да не’ одбрани сите кои живееме во оваа држава, без разлика дали сме гласале за него или не, или сме од друга националност или пак сме од поинаква полова ориентација, без разлика, тој требаше да ни ги гарантира мирот и стабилноста на сите нас. Е, тоа е истиот оној, кој, секогаш кога имаше сериозна дестабилизација во државава, а во која тој беше на чело на државата никогаш не беше тука, односно, додека владееше „со нас“ секогаш бегаше од проблемите, тогаш кога најмногу требаше да е тука. Е, точно тој, кога најмногу нему му зажежи, се преоблече во жена, ги испразни сите сметки кои ги имаше тука и побегна.

Па нормално е да побегне, тој секогаш и бегаше кога имаше проблеми тука, тогаш како маж. Логично е да побегне и сега, без разлика дали како маж или како жена. него тоа ништо не му значи.

Тој кој никогаш не ни постоеше, му успеа да не’ натера да сме хистерични од како побегна. Ете и тоа му успеа, за жал за сите нас. И, точно знам дека нема апсолутно никакво чувство за нас, никогаш ниту го имал и никогаш нема да го има, само, не разбрав како „неговиве“ (бидејќи од него почна поделбата на наши и ваши, патриоти и предавници, за жал, тој не’ подели нас Македонците така и ќе се послужам со ова) тоа никогаш не успеаја да го видат, а беше толку очигледно?

Нè подели. Нè испокара. Нè испокраде. Си ги испразни сметките и кидна. Останавме ние тука да живееме, во овој кич направен во измислен барок, токму од него, барок кој никогаш не ни постоел тука на овие простори како правец, кој патем е и од стиропор.

Боже, колку глупи испаднавме!

БОЖЕ, КАКВИ ГЛУПАЦИ ИСПАДНАВМЕ, СИТЕ ДО ЕДЕН!

Еднаш претходно пред многу години сакав да го прашам:

 1.Зошто?

2.Зошто толку многу си напнат?

3.Зошто ние Македонците да не живееме убаво како што живеат сите?

4.Зошто да живееме под притисок кој ни го создаваш?

5.Зошто те прави среќен нашата несреќа?

Не го прашав, не можев.

Вчера после години и години повторно ми се роди желба да му поставам прашање кое од прилика вака би звучело:

„Друже, целава оваа хистеријата која се случува тука, кажи ми, жити мене, како ја доживуваш? Лично јас знам како ја доживуваш, ама сакам од тебе да чујам, онака на глас да ни кажеш на сите. Бидејќи од како знам за тебе и твојата кариера, сите тука кои живееме сме под најразличен вид на хистерии. Дури сигурен сум дека твоите се под поголем стрес од нас. Имам чувство дека си гладен и жеден сите да живееме во хистеријава што ни ја создаде. Зошто?“

За жал, никогаш нема да можам да му го поставам ова прашање онака – очи во очи. Никогаш никој не успеа да му постави вакво или слично на ова прашање. А, многу од нив имаа желба за такво нешто, знам, но, не можеа. Немаа како.

Има една реплика во филмот „Убавите села убаво горат“ (Лепа села лепо горе) во режија на Срѓан Драгојевиќ, која ја кажува сега веќе покојниот Велимир Бата Живојиновиќ во улогата на „Стари“ кога одлучува да излезе од тунелот со камионот, а му се обраќа на „Брзи“ – наркоманот, кој го игра маестралниот Зоран Цвијановиќ. Вели:

„Да се не љубимо“.

Човеков што замина, како што самиот кажува, во Будимпешта, избега или не, се’ едно, тој си замина одовде. Како и да го вртиш тоа што тој го направи е скандал од епски размери. ОД ЕПСКИ РАЗМЕРИ. Толку. Точка. Крај. Туку мене во целата оваа духовита хистерија во која живееме деновиве ме заинтригира, кому последно ја кажал оваа фамозна реплика од филмот на Срѓан, пред да замине (привремено) засекогаш одовде. Кому рекол:

„Да се не љубимо“.

ЕПИЛОГ:

Сметам дека сега е вистинско време сценаристиве, филмаџииве и останатите креативци од тој ранг, тука во Македонија, да седнат, да ја загреат столицата и да напишат една политичка серија која ќе раскажува за човекот кој духовно уништи една цела нација, направи фактички, но и душевен геноцид, собра политички поени на лажен патриотизам, навлече луѓе да зависат од него во сите тие години, ги направи зависни од себе и на крај, за жал на сите нас, а најмногу на неговите најблиски кои ги остави да се пржат во котелот, избега без никој да знае.

Сега дечки е времето за филмска серија со која нашата држава ќе му се обрати на светот со еден завиден креативен капацитет и ќе покаже и докаже дека има и тоа како добри креативци во полето на филмот, тука кај нас, во Македонија.

 

Share31TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ