Џелал Хоџиќ – заменик директор во Агенцијата за остварување на правата на заедниците, панел дискусија на ЦИВИЛ „Едно општество за сите – сегашност и перспективи“, која се одржа на 15 октомври, вели дека е многу важно да функционира Агенцијата за правата на помалубројните заедници. Агенцијата годишно ќе доделува околу 2 милиони денари за поддршка на невладините организации на помалкубројните етнички Аедници. Тој нагласи дека ја обновиле соработката со ОБСЕ.
Во однос на „Перспективите 2022“, Хоџиќ смета дека во иднина балансерот не треба да функционира на овој начин како што е сега, туку треба нешто да се смени, за помалкубројните заедници да може да си ги остварат своите права.
„Балансерот повеќе дискриминира и прави штета отколку што им помага на помалкубројните етнички заедници. Во образованието треба да создадеме кадар помалкубројните етнички заедници да може да учат на својот мајчин јазик. Двете големи етнички заедници треба да најдат начин да ги вклучат и помалубројните етнички заедници во креирањето на локални и национални политики. Во изминатите неколку години се намалени меѓуетничките тензии, и сметам дека доколку нашата држава добие блокада за ЕУ интеграциите тогаш може повторно да имаме меѓуетники тензии. Исто така и иселувањето на младите ќе биде предизвик доколку нашата држава нема европски перспективи, вели Хоџиќ.
Дехран Муратов
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Горан Наумовски