Препораките, воглавном, и да не ги дадеме ние, ги дава Европската Унија во редовните извештаи и мониторингот за се што се случува, така што, не би менувал многу од последниот извештај на ЕУ. Она што ние би требало да го земеме предвид дополнително, во новиот контекст во кој се делува, се согласувам дека се уште сме демократска држава, но исто така се согласивме дека одиме во лош правец и веќе нема дилеми дека сме си одбрале многу лошо друштво, вели Џелал Хоџиќ, на панелот „Назадување на демократијата: Импликации и последици“.
„Луѓето кои Република Северна Македонија ја гледаат на Запад, и во демократскиот свет, без разлика на верските, етничките и политичките погледи и разлики, мора да се обединат, не „околу дрво“, туку околу демократските вредности.
Да пробаме да ги тргнеме разликите на страна, и мислам дека и политичките партии кои ги знаеме во одредена сфера во изминатите 30 години, веќе времето ги изџвака, донесе нов контекст, и убеден сум дека интелектуалците, невладиниот сектор, и реформираните политички партии можат да направат некакво јадро околу кое би можеле да се собираме.
Хоџиќ посочи дека е веќе крајно време да се вратиме на патот кон води кон членство во ЕУ, и покрај политиките за одржување на статус кво- то во кое се наоѓаме во моментов.
Главната поента би била – Република Северна Македонија да се врати на возот кој води кон ЕУ, и да се обидеме, иако доцниме сериозно, да го фатиме проширувањето, кое е извесно за Албанија и за Црна Гора. Од друга страна, секако дека ќе имаме противници на оние политики кои сакаат одржување на статус кво-то, и ми се допадна и предлогот да се отвори една посебна дебата за економскиот модел и за државата и за општеството, порача Хоџиќ.
Д. Тахири
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Б. Јордановска – ЦИВИЛ












