• Latest
Хоџиќ: Лоша и непромислена е одлуката да не работи Собранието

Хоџиќ: Кај ВМРО-ДПМНЕ и Левица отсуствува јасна осуда на руската агресија врз Украина и на политиките на Путин

September 23, 2022

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Хоџиќ: Кај ВМРО-ДПМНЕ и Левица отсуствува јасна осуда на руската агресија врз Украина и на политиките на Путин

Руското влијание на Западен Балкан се забележува некаде од 2008 година. Една од теориите е дека кога Македонија во 2008 година не влезе во НАТО како членка, на Самитот во Букурешт, дека всушност грчкото вето, било руско вето, вели Џелал Хочиќ во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа.

September 23, 2022 14:46
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Хоџиќ: Лоша и непромислена е одлуката да не работи Собранието
Share on FacebookShare on Twitter

„Релативизирањето на руската агресија врз Украина за мене во моментот е најеклатантен пример. Без разлика дали доаѓа од разни интелектуалци т.е. квази-интелектуалци или доаѓа од политички партии кои се влијателни“, вели Џелал Хоџиќ, претседател на СДА Македонија во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа.

Со Хоџиќ разговаравме за руското влијание на Западен Балкан и во Северна Македонија, колку тоа се одразува на евроатланските аспирации на земјата, како може да се надмине руското мешање во демократските процеси и што прават македoнските институции, граѓанското општество и медиумите во надминување на руското влијание и хибридните напади.

Во интервју за турската новинска агенција Анадолија велите дека по поразот на Русија ќе се забрзаат евроатлантските процеси на Балканот. На што ги темелите тие ставови? Кои се показателите?

Хоџиќ: Русија долго време имаше јасно искажан став и заложба да ги сопрат евроатланските аспирации на државите од Западен Балкан. Русија е веќе политички поразена во конфликтот и во нивната агресија врз Украина. Поразена е зошто не успеа да направи своја влада во Кијив. Второ, поразена е политички затоа што се обиде и во западниот блок во Европа да направи раздор по прашањето за Украина, што не се случи. Напротив, видовме дека ЕУ заедно со партнерите САД и Велика Британија имаше јасен став и изрекоа сериозни санкции кон Русија. Третиот политички пораз е кога се обидоа да направат проблем на Западен Балкан кој не успеа, во дворот на Европа, со што ќе направија одредена дестабилизација-тие планови пропаднаа. Гледаме дека и Северна Македонија и Албанија ги почнаа преговорите за влез во ЕУ. Босна и Херцеговина влезе во планот за членство во НАТО, во очекување е и Косово, по потпишувањето на договорот за стабилизација и асоцијација за членството за ЕУ ќе добијат визна либерализација. Ова јасно покажува дека Западен Балкан е повторно на траките на евроатланските интеграции.

Во војниот дел, гледаме дека Русија, во оние делови кои се окупирани од Русија, гледаме дека украинската армија добро напредува. Јас не сум воен аналитичар, но не треба да се биде многу паметен да се види дека руската војска во Украина e расфрлана, дека украинската војска брзо напредува кон границите на Русија. Впрочем и вчерашното излагање на Путин на оваа тема, покажува дека тој е во паника и со неговата мобилизација на преку 300.000 војници и неговите закани за употреба на нуклеарно оружје, го покажува целиот пораз на Русија со плановите кои ги има од почетокот на воената агресија врз Украина.

Со тоа, Западен Балкан ќе биде отсечен од Русија и негативното влијание кое го има и повторно ќе се врати на оптимизмот и евроатланските интеграции.

Како ги оценувате досегашните последици од руските хибридни напади на Балканот? Какви штети трпи Северна Македонија од хибридните напади на Русија во Македонија?

Хоџиќ: Руското влијание на Западен Балкан се забележува некаде од 2008 година. Една од теориите е дека кога Македонија во 2008 година не влезе во НАТО како членка, на Самитот во Букурешт, дека всушност грчкото вето, било руско вето. Тоа е една од теориите. Но, влијанието на Балканот Русија го враќа некаде по нивната агресија врз Грузија, некаде во 2008 година. Од тогаш до денеска има сериозни напори да се сопрат евроатланските интеграции на државите од Западен Балкан, да се наруши довербата во демократијата како  процес, во институциите и да се сопрат реформите кои дополнително ги демократизираат овие општества кои се во една транзициска ситуација.

По овој пораз кој е евидентен на Русија, се очекува дека таа ќе нема енергија во дворот на ЕУ да прави конфликти и дека со тоа ќе престане порастот на национализмот и дека повторно енергијата ќе биде свртена кон реформите и кон забрзување на интеграциските процеси на Западен Балкан без разлика дали тоа е во НАТО или ЕУ.

Што треба, а не преземаат македонските институции, граѓанското општество и медиумите за да се справат со руското влијание?

Хоџиќ: Ако видиме од еден друг агол овде демократските општества поранливи од авторитарните режими и општата слика затоа што во демократијата има правила кои важат еднакво за сите и за политичарите и за граѓаните. Во демократските општества има слобода на говор, слобода на размислување… додека во авторитарните режими не се премногу по закони, устави итн. Одговорот кон ова треба да биде мора да е комплексен. Прво враќање на довербата во демократијата. Тоа се прави така што државите стануваат уште повеќе транспарентни и уште повеќе приврзани кон демократијата, владеење на правото. Она што е една од карактеристиките на хибридните напади се лажните вести и подигнувањето на етнички и националистички тензии. Одговорот на тоа е повторно повеќе вистина, повеќе транспарентност и казнување на говорот на омраза, нешто што многу му фали на македонското општество. Третата работа е борбата против корупција. Корупцијата е детектирана како еден од моментите преку кои политичарите и други структури се корумпираат за да се намали довербата во демократските процеси. Јас да имам поголемо влијание, би бил доста повеќе внимателен на сите инвестиции кои доаѓаат од Русија и од Кина.

Ние како општество сме зрели за уште една сериозна голема кампања која ќе ни ги покаже вредностите на демократијата како процес, но и вредностите на нашето членство во НАТО и нашите аспирации, зошто ние сакаме да станеме членка на ЕУ. Од 2008 година ние имаме константен пад, меѓу другото благодарение на некои медиуми, не на сите, кои се обидуваат да направат перцепција вредностите за кои ние се демократија, ЕУ и НАТО не се нешто што нас ни треба како општество.

Јас мислам дека нашето општество е зрело за една кампања и како граѓанско општество, но не би ги исклучил дури ни политичките партии, сите оние кои се ориентирани за повеќе демократија, за членство во ЕУ на Македонија, да направат една заедничка кампања да ги спротивставиме аргументите и бенефитите и вредности за кои се залагаме.

Во Македонија општеството има вистинска поделба по една основа, дали сме за про-ЕУ и про-НАТО или не сме. Сите други поделби етнички, верски, политички паѓаат во вода. Кога нашата земја се осамостојуваше поддршката за ЕУ и НАТО и кога го немаше ова руско влијание беше над 90%. Денеска се тие паднати под 70% и тенденцијата е константно кон опаѓање. Но, тоа не значи дека немаме капацитети и во овој момент мнозинството граѓани се и за НАТО и за ЕУ. Тој потенцијал ќе треба да се искористи во една таква кампања со цел повторно да ги реафирмираме позитивните вредности од сите овие политички и демократски процеси.

Може ли да ни наброите три најочигледни примери за руско мешање во земјава?

Хоџиќ: Првото е некаде 2014 година, Лавров, министерот за надворешни работи на Русија, излезе со една изјава дека влегувањето на Црна Гора, која не беше тогаш во НАТО, Македонија и Босна и Херцеговина во НАТО, е непријателски чин кон Русија. Тоа беше една сериозна закана и еден обид да се спречи таа политичка волја.

Вториот пример е кога по изборите во 2016 година се конституираше Собранието и се направи едно ново мнозинство во нашиот Парламент и кога настана криза која кулминираше со 27 април 2017. Ако ги видите соопштенијата на руската амбасада од тој период и на руското МНР, вие ќе видите дека даваа целосна поддршка на политичките на Груевски кои во тој момент беа јасен показател на суспензирање на демократијата. Врз основа на разни митови, национализам и лажни вести, дадоа сериозна поддршка на  политиката на Груевски во неговиот обид да стопира трансфер на власта.

Третото е едно истражување во еден угледен хрватски весник во кој се зборува дека Русија до 20014/2015 година финансирала политичари во Европа и на западен Балкан кои работеле во корист на руските политики наспроти стратешките интереси на државите.

Релативизирањето на руската агресија врз Украина за мене во моментот е најеклатантен пример. Без разлика дали доаѓа од разни интелектуалци т.е. квази-интелектуалци или доаѓа од политички партии кои се влијателни. Од оваа гледна точка, како граѓанин, сум задоволен бидејќи ние имавме претседател на држава, премиер и министер за надворешни работи и кои со своите изјави нашата заедничка држава Северна Македонија ја ставија на страната на цивилизациските вредности. И тоа е едно задоволство. Но, гледаме дека во опозицијата, посебно во две партии, ВМРО-ДПМНЕ и Левица, отсуствува јасна осуда на руската агресија врз Украина и јасна осуда на политиките на Путин.

Биљана Јордановска

камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ