• Latest

Хоџиќ: Наместо да ги решаваме заедничките проблеми, трошиме енергија на национализам

December 15, 2020

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Хоџиќ: Наместо да ги решаваме заедничките проблеми, трошиме енергија на национализам

December 15, 2020 15:36
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, МУЛТИКУЛТУРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Џелал Хоџиќ, заменик директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците во РСМ, за ЦИВИЛ МЕДИА, зборува за состојбата на меѓуетничките односи во нашата земја, оптимизмот дека можеме да напредуваме и да научиме да живееме во заедништво, како и за штетноста од национализмот.

ЦИВИЛ МЕДИА: Како ја оценувате состојбата на меѓуетничките односи во Република Северна Македонија? Кои фактори влијаат позитивно, а кои негативно на меѓуетничките односи? Дали во нашата земја се негуваат стереотипите и предрасудите на етничка основа и кој е одговорен за нив? Како да ги надминеме?

Хоџиќ: Најпрво благодарам за поканата за интервјуто и поздрав до вашите гледачи, меѓуетничките односи во РС. Македонија денес се многу подобри отколку пред 4-5 години, но не се на тоа ниво на кое би требало да бидат и би било добро за самото општество. Подобри се затоа што одамна ние немаме теми како се тепаат ученици по автобусите, одамна немаме редовни вести како се враќаат нашите сограѓани Роми од границите само затоа што се Роми, медиумските работници не се фокусираат повеќе на такви вести, туку имаме вести од некаков друг тип каде што е предмет работата на институциите и работата на функционерите и некои други општествени проблеми.

Во таа насока сметам дека е подобрена ситуацијата на меѓуетничките односи во Република Северна Македонија, но секако има доста предизвици за работа. Многу е важно Стратегијата за едно општество за сите која е изработена лани и има некој свој акциски план преку кој мерките кои се предвидени во Стратегијата ќе се исполнат, со цел да имаме уште подобра ситуација.

Во основа нашиот Устав и закони можеме да кажеме дека се добри, но она што ни треба е да имаме спроведување на тоа што пишува на хартија да го примениме во пракса и секако тука има работа за сите чинители, првенствено најодговорните а тоа се власта и институциите, но секако своја одговорност имаат чинители преку медиумите каде што многу често сме гледале говор на омраза кој треба да биде на еден начин обесхрабрен, дури и санкциониран. Потоа работата на невладините организации и на самите граѓани.

Во секој случај, јас сум оптимист, а оптимист сум затоа што ние немаме друга алтернатива освен да живееме во едно заедничко општество.

ЦИВИЛ МЕДИА: Како Вие лично можете да придонесете кон надминувањето на национализмот и етничката омраза во нашето општество? Што ќе им препорачате на различните засегнати страни во општеството и креаторите на политики и практики во оваа сфера, како што се медиумите, граѓанското општество, институциите, политичките партии, академијата, како и други чинители?

Хоџиќ Национализмот или она што јас го нарекувам примитивен национализам не носи среќа за никого, дури ни за оној кој го продуцира. Сите заедно треба да сфатиме дека РСМ е наша заедничка држава и сите има е свое место во неа и треба да направиме да ни биде доста подобро и поудобно за сите нас. Толеранцијата е доста важна да се продуцира и секој треба да зеде одговорност за своите постапки. Она што е важно, но не значи дека не треба да се бориме за правата кои ни следуваат според Устав и закон да ги спроведеме или да се бориме и за промена на закони евентуално, само треба да бидеме свесни дека нашето право не треба да ограничува нечие друго право.

Ние во суштина и самата природа на државата е дека ние сме мултиетничка и мултикултурна држава и немаме друга алтернатива освен да живееме и работиме заедно за подобро за сите нас заедно и таа политика едноставно нема алтернатива, реална и одржлива на било каков рок, дали на долг или краток рок.

ЦИВИЛ МЕДИА: Kолку и на кој начин национализмот и етничката омраза се штетни за општеството и за нашите ЕУ аспирации? На кој начин тие појави се спротивни на европските вредности?

Хоџиќ: Национализмот за жал е присутен не само во Македонија туку дури и во европските држави. Но, за нас е посебно штетен затоа што ние сме мала држава која по својата природа е мултиетничка и мултикултурна и ни ја одзема енергијата и наместо да работиме на подобро образование, подобра социјална заштита, зголемен број на вработени луѓе, подобри работнички права и се она што значи поквалитетен живот на било кој поединец од било која етничка или верска припадност. Ние трошиме енергија на национализам кој во суштина е деструктивен, носи омраза, и носи потенцијал за некаков конфликт кој апсолутно не ни треба. Ние сме овдека помалку од два милиона жители во оваа држава и ако не најдеме начин да си ги решиме заедничките проблеми на сите да ни биде подобро и понатаму ќе трошиме непотребна енергија во создавање наместо подобри, создавање и одржување на така веќе лошите услови во кои живееме.

Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети


Оваа содржина е дел од Иницијативата „Обединети во различноста“ посветена на промовирање на различностите како предност, богатство и квалитет на нашето општество. Иницијативата ја води ЦИВИЛ, со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.


Наодите, мислењата и другите онлајн содржини објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ, не секогаш ги одразуваат оние на донаторите на ЦИВИЛ. Ставовите изнесени во изјавите, интервјуата, анализите и колумните, се одговорност исклучиво на Автор(к)ите.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ