• Latest

Хоризонт на последна надеж

November 10, 2018

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Хоризонт на последна надеж

November 10, 2018 11:20
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Или: Неколку итни постапки за ново раѓање на Македонија

Овој хоризонт на последна надеж за Македонија, вака како што е проектиран подолу можеби за многумина е утопија, но тој е многу лесно остварлив.  Ако личното и суетите се тргнат настрана, ако општественото, заедничкото добро се стават во прв план, ако преовладува ум и разум, ако цивилизираното го надвладее примитивното во Македонија, ако знаењето ја победи неписменоста, ако градот го победи, не селото, туку сељачкото, тој хоризонт на надеж е многу лесно дофатлив и остварлив.

Наум Пановски

За да се дојде до тој хоризонт на надеж, треба само да се посегне по онаа страна на невидливото и незамисливото и да се сторат само неколку невозможно тешки чекори за многу запалени глави, но големи за иднината на Македонија… онаа новата Македонија, за која ќе биде најмалку битно како ќе се вика таа во блиска иднина.

Значи граѓаните на Македонија треба резолутно, со сите расположливи средства, да побараат:

1. Неотповиклива ОСТАВКА на Владата на Република Македонија.

2. Собранието на РМ да донесе одлука за назначување на ЕКСПЕРТСКА ВЛАДА, составена од странски стручњаци/експерти во областа на ПРАВОТО, ПОЛИТИКАТА, ИСТОРИЈАТА, ЕКОНОМИЈАТА, ЗДРАВСТВОТО, ОБРАЗОВАНИЕТО, КУЛТУРАТА.

3. Да прогласи МОРАТОРУИМ НА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР во траење од две години.

4. Експертската влада да донесе закон и ДА ГИ УКИНЕ СИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ и да донесе закони со кои ќе се овозможи регисТрирање на нови политички партии врз основа на нови принципи и правила на делување.

Основните услови за регистрација на новите партии да бидат нивните граѓански платформи и програми, а не националистички идеологии полни со дисфункционална националистичка реторика, контрапродуктивен симболизам, и омраза.

Од сите нови партии да се бара, исто така, во своите програми да се обврзат дека ќе се борат прво и основно за владеењето на правото и законот. Потоа, да се обврзат дека во својот пробен период од две години постоење ќе покажат дека правото и почитувањето на граѓанинот го практикуваат во својата работа. Ако не покажат таков (квантитативен) резултат – да се  укинат.  Во тој контекст, новооснованите политички партии исто така се обврзуваат дека ќе се борат за афирмација на граѓански, еколошки, социјални, економски, здравствени, образовни, културни права и обврски на граѓаните, и дека ќе се залагаат за цивилна и цивилизирана Македонија, дека ќе се заколнат на лојалност кон државата, а не на слепа лојалност кон партиите и нациите, и кои резолутно ќе се борат против секаков национализам во своите редови.

5. Да забранат секакви групи и организации кои јавно манифестирале националистички и профашистички иделогии и активности.

6. Експертската Влада веднаш да распише и да се спроведе ПОПИС на населението според највисоките европски стандарди. Пописот да биде спроведен од странски специјалисти кои ќе бидат придружувани од домашни и странски набљудувачи на пописниот процес.

7. Во најкус рок, сега и веднаш, да ги спроведе во дело сите одлуки од извештајот на ПРИБЕ ЗА СУДСКИ РЕФОРМИ, департизација и декриминализација на државата и да изгради цврсти темели за вистинска правна држава.

8. Сите криминалци од сите идеологии, партии, вери и религии да се изведат пред суд без одлагање, а сите започнати судски процеси да завршат во текот на две години, односно во текот на траењето на мандатот на експертската влада.

9. Да се донесе нов изборен закон со прогласување на Република Македонија ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА со ОТВОРЕНИ ЛИСТИ. Поединецот и неговите морално стручни квалитети да се стават над партиските и непотистичките интереси. Колективната партиска манипулација да се замени со индивидуална одговорност.

10. Да распише и да спроведе фер и демократски парламентарни и претседателски избори, односно тоа да го стори, во последните шест месеци од својата работа.

11. Граѓаните не треба само да ја “толкуваат” и критикуваат власта, туку треба и активно да ја менуваат.

Ова се 11 кратки тези, основни параметри за воспоставување на нови цврсти граѓански темели на Република Македонија, за нејзино повторно ново раѓање и излегување од клоаката на сеопшт неморал и примитивизам. Со тоа, новиот уставотворен дом, кој би се установил по две години, ќе може лесно да го исчисти сегашниот устав од националистички изливи и сепаратистички фрагментирања, и ќе создаде еден концизен, јасен и модерен граѓански устав чија што централна морална вертикала ќе биде владеењето на правото и унитарност на државата. Тој нов устав треба да биде по мерка на граѓаните, од нив и за нивна добробит, а не по мерка на  македонските и албанските националисти каков што е сега, и како што сегашните кусогледи проектанти го проектираат.

Граѓани на Македонија, имавте дваесет и седум години да изградите демократска, правна, цивилизирана држава.  Многумина од вас со вашата “лојалност” кон државата ги испуштивте сите шанси за нејзината демократска и хумана трансформација. За жал, немате повеќе време. Вашето време истекува. Ако не ја искористите последната надеж и не ги побарате и браните своите човекови прва на хуман и достоен живот, живот во правна и рамноправна држава во кои се сите еднакви пред законот, не заслужувате да имате држава.

 

(Наум Пановски е театарски режисер и драматург, професор по глума, режија, теорија и критика. Живее и работи во САД)

 


илустрација: Eugene Delacroix – „Liberty Leading The People“

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Share47TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ