• Latest

Хронологија на настаните поврзани со случајот наречен „Рекет“

August 24, 2019
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
23 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo> screenshot Sky Tv

Поплави во Тексас: 24 мртви и до 25 деца исчезнати откако летен камп беше однесен од поплавите

July 5, 2025

One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните на ГП Табановце-Прешево

July 5, 2025
Бебиња умираат од глад во Газа
Фотографија/ скриншот од видео на ИТВ

Лекарите во Газа предупредуваат дека бебињата се пред умирање поради недостаток на млечна формула, „Бебињата се коска и кожа“, велат тие

July 5, 2025
Протестни блокади Србија, Земун
Фотографија/ Н1

Шести ден од блокадата: Најавени се нови прекини во сообраќајот, „слободна зона“ во центарот на Земун

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Хронологија на настаните поврзани со случајот наречен „Рекет“

Во обид да ѝ ги приближиме на јавноста фактите, лишени од шумот на лажните вести и пропагандата, одлучивме да објавиме хронологија на настаните поврзани со случајот „Рекет“.

August 24, 2019 09:32
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

9 ноември 2018

СЈО соопшти дека отвора истрага „Империја“, во која 13 лица, меѓу кои Орце Камчев, Цветан Панделески и Сашо Мијалков, се осомничени за Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело. Истиот ден се приведени петмина од осомничените, меѓу кои и Камчев, и притворени на 30 дена.

Ноември 2018

Почнуваат случувањата од „Рекет“ – Бојан Јовановски-Боки 13, близок до специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски-Кичеец  врска со Орце Камчев, од Камчев барааат 8 милиони евра за да запре истрагата против него во случајот Империја, или 5 милиони за „олеснителни околности“.  Додека тој е во притвор, од неговата сопруга земаат 500.000 евра.

Боки 13

27 декември 2018

Без противење на СЈО, Камчев излегува од „Шутка“ и добива домашен притвор.

Јордан Камчев пред Кривичен суд

20 февруари 2019

Боки 13 и Зоки Кичеец, во  чанта „Луј Витон“, земаат 1.500.000 евра од Камчев, кој е во домашен притвор.

 

Снимки од безбедносни камери што ги објави италијанскиот интернет портал и весник „Ла Верита“

4 март

Врховниот суд го укинува притворот на Камчев.

Март-април

По предлог на Специјалниот јавен обвинител, Судот на Камчев му ги враќа патните исправи.

Април

Обвинителката за гонење организиран криминал и корупција Вилма Рускоска од премиерот Зоран Заев го добива првото известување за случајот „Рекет“, откако „му се пожалиле бизнисмени“.

2 мај

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвора предистражна постапка за „Рекет“.

28 мај

Новинарот Бранко Героски најавува дека „почнувајќи од утре, на порталот Плусинфо ќе ги читате моите колумни. Во мојот добро познат стил. Ја најавувам и темата на мојот утрешен текст – бомби, рекет и уцени во политичкиот естаблишмент“.

29 мај

Со текстот Бомбашки пленум, Героски ја почнува сагата за „бомбашкиот рекет“, а на 10 јуни го објавува првиот случај на рекет во текстот Како куртулил Трпе од банда опасни рекетари.

Бранко Героски, Плусинфо

15 јули

Наредба за отворање истрага против Боки 13 и Кичеец за Примање награда за противзаконито влијание и Перење пари и други приноси од казниво дело. Двајцата се уапсени и притворени.

15 јули

Специјалната обвинителка Катица Јанева поднесува оставка, која ќе стане активна „тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение и ќе го изберат нејзиниот наследник“. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и ги одзема мобилните телефони за вештачење. Еден недостасува.

16 јули

Во СЈО се одржува драматична прес конференција, без Катица Јанева. „Сите се еднакви пред Уставот и законите. Стоиме на линија да се најде одговорност и лицата да одговараат“ – изјави, меѓу другото, обвинителката во СЈО, Ленче Ристоска, на прес конференцијата.

Јули

Се вештачат телефоните на Јанева и се бара „изгубениот“ телефон. Истрагата на 31 јули објавува дека телефонот, кој во меѓувреме бива најден, е форматиран и сите податоци од него се избришани.

8 август

Италијанскиот интернет весник „Ла верита“ почнува да објавува видео и аудио снимки од случувањата во „Рекет“.

Ла Верита

10 август

Јанева чита изјава со која објаснува дека разговарала со „О.К.“ за да стане соработник во истрагата, прес-конференцијата ја напушта избегнувајќи ги новинарските прашања.

12 август

Почнува серијата сослушувања на обвинителите од СЈО кои го истражувале случајот „Империја“ – обвинителката Елизабета Јосифовска од СЈО на распит кај Рускоска.

Вилма Рускоска, шефица на Обвинителство за организиран криминал и корупција

13 август

Обвинителката Лиле Стефанова од СЈО на петчасовен распит кај Рускоска.

16 август

Обвинителот Бурим Рустеми од СЈО пред Рускоска.

20 август

Катица Јанева, придружувана од адвокатот Стеван Павлески, поранешен државен јавен обвинител, се јавува на распит во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, каде има четиричасовен разговор со обвинителката Вилма Рускоска.

21 август

По налог на Рускоска, полицијата ја приведува Јанева од нејзиниот дом во Скопје околу пладне, од каде одзема предмети поврзани со случајот рекет, со неа оди во СЈО, од каде и го одзема службениот компјутер. Со експресна прес конференција, јавниот обвинител Љубомир Јовески и обвинителката за гонење организиран криминал и корупција Вилма Рускоска го објавуваат апсењето на Јанева. По четиричасовниот распит во Кривичниот суд, судија во претходна постапка Сеад Реџепагиќ, ѝ изрече мерка притвор од 30 дена на Катица Јанева, во 23 часот. Од Кривичен, Јанева пристигна во затворот во „Шутка“ околу 23:30 часот.

И. К. Илиевски

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања. 

Print Friendly, PDF & Email
Share72Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ