Categories

ПИСМО Хрватски ГОНГ бара транспарентност од Католичката црква во однос на нејзиното финансирање

Хрватската невладина организација ГОНГ, која меѓудругото се залага за транспарентност, побара Католичката црква во Хрватска, како најголема верска заедница во земјата,  јавно  да ги објавува своите годишни финансиски извештаи.

ГОНГ му напиша писмо на кардиналот Јосип Бозаниќ и на претседателот на Хрватската бискупска конференција, Желимир Пулиј, со покана да ги објават финансиските извештаи.

“За разлика од други непрофитни организации што мора да ги објават финансиските извештаи во регистар кој се води од  Министерството за финансии, а кој е достапен за јавноста, за верските заедници во Хрватска тоа не важи.

„Сметаме дека ова е неправедно и социјално штетно. Транспарентноста и отвореноста се принципите на добро владеење или добро владеење промовирани од меѓународни организации, вклучувајќи ја и Европската Унија. Употребата на транспарентност се гледа во зголемената одговорност, намалената дискреција и произволноста, намалената корупција, информираното државјанство и, следствено, повисокиот квалитет на демократијата и владеењето на правото“, велат од ГОНГ.

Но, како што назначуваат, иако во Црквата има поединци што се грижат за транспарентноста, на пример, Дубровничката архиепископија која објавува годишни финансиски извештаи, најгоелмиот дел од верските заедници тоа не го прават. Според истражување спрведено во 2013, 83% од хрватските граѓани што се декларираат како верници,  сметале дека Католичката црква треба да ги објавува финансиските извештаи за тоа како ги трошат парите, вклучувајќи ги оние за милостина.

ГОНГ повикува на објавување на финансиските извештаи во кои Католичката црква ќе ги прикаже сите приходи, оние од буџетот, локалните власти, донации на верниците…

Во Хрватска, Владата на Зоран Милановиќ од Социјадемократската партија на Хрватска, во 2014 година донесува закон со кој верските заедници се исклучени од обврската поднесување финансиски извештаи во регистарот на нивното Министерство за финансии.

“За жал, тогаш владејачката СДП и попушти на  моќната Црква и ја обврза на минимално известување. Денес, Хрватската демократска заедница не дозволува дебата за модел на финансирање, вклучувајќи ги и нејзините партнери, Хрватската народна странка и застапниците на малцинствата, кои не ја поддржаа ревизијата на Ватиканскиот договор “, предупреди членката на Извршниот комитет на ГОНГ, Ориана Ивковиќ Новокмет.

Во отвореното писмо до хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и министерот за финансии, Здравко Мариќ, ГОНГ побара промени во  законот со кој ќе се изедначи Католичката црква во Хрватска со други непрофитни организации кои мора јавно да ги откријат своите годишни финансиски извештаи.

„Законите мора да бидат исти за сите, а не богатите и моќните да бидат повластени. Хрватска е земја во која Здружението на параплегичари или љубители на птици мора да објавуваат финансиски извештаи, а црквата која само од буџетот добива повеќе од 600 милиони евра годишно и е сопственик на огромен број недвижности – не мора. Јавноста има право да знае како се финансира Црквата и колку пари се трошат “, пишува во писмото до премиерот и министерот за финансии.

ЦИВИЛ -Центар за слобода одржува долгогодишна соработка со ГОНГ и ги подржува напорите на оваа организација за транспарентност и отчетност на верските заедници.

ГОНГ е организација посветена на унапредување на демократските процеси и водечка организација во следење на изборните процеси.

Б. Ј.

image_pdf image_print
Print Friendly, PDF & Email