• Latest

Хукстра: Справувањето со климатските промени не е мени на желби, мора да сe испорача сè што е на него

October 31, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ

Хукстра: Справувањето со климатските промени не е мени на желби, мора да сe испорача сè што е на него

October 31, 2023 10:32
in ВЕСТИ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

ЕУ нема да прифати исход на КОП28 на кој би биле постигнати договори само за помалку спорни теми, како зголемена употреба на обновливи енергетски извори, но не и за покомплицираните прашања, како што е постепеното исфрлање од употреба на фосилните горива, порача еврокомесарот за климатска акција Вопке Хоекстра во Абу Даби, каде учествува на подготвителниот состанок во пресрет на Самитот за климата (КОП28), што ќе започне на крајот на следниот месец во Дубаи.

Според него, како што јави дописникот на МИА од Брисел, справувањето со климатските проблеми не е мени, па да се избере што од него би сакале да исполниме.

– Се што е на менито мора да се испорача, додаде Хукстра.

Тој потенцира дека дополнителен проблем се „геополитички многу предизвикувачките времиња“, кои како никогаш досега го отежнуваат постигнувањето договор за климата.

– Потребата за договор за справување со глобалното затоплување е поголема од кога било, но и никогаш не било потешко да се дојде до него, бидејќи геополитичките случувања ја усложнуваат меѓународната соработка, додаде Хукстра.

Покрај конфликтот на Блискиот Исток и војната во Украина, влијание врз резултатите од Самитот во Дубаи може да имаат и зголемените тензии меѓу ЕУ и Кина, по одлуката на Европската комисија за започнување истрага за кинеските државни субвенции за електрични возила.

Кина изрази жалење поради одлуката на ЕК, оценувајќи ја како „неоправдана“, и предупреди дека политичките конфронтации би можеле да ја загрозат соработка во справувањето со климатските промени.

– Глобалното менаџирање со климата не се случува во вакуум. Не може од една страна да се поттикнува политичка конфронтација, од друга да се очекува безусловна соработка, изјави кинескиот амбасадор при ЕУ, Фу Конг.

Фото: Европска унија

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result