• Latest

И празникот 11 Октомври – Ден на народното востание злоупотребен за политички поени

October 11, 2021
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш на ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

И празникот 11 Октомври – Ден на народното востание злоупотребен за политички поени

October 11, 2021 16:50
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

И државниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание, опозициските партии се обидоа да го претворат во партиски празник, односно да соберат некој политички поен. Во недостаток од вистинска програма за локалните избори, активисти на Левица, во криптата на Могилата на непобедените во Прилеп имаа неуспешен обид политички да профитираат со тоа што пробаа да предизвикаат инцидент кога државниот врв полагаше цвеќиња и венци и им оддаваше почит на борците чии мошти се во Криптата. И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека партизаните не гинеа залудно и дека народот наскоро ќе се избори повторно да си ја најдат среќата и местото под ова парче небо.

ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ

СДСМ

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев по повод празникот 11 Октомври – Денот на народното востание. истакна дека ако пред 80 години патриотизам беше да се земе пушка и да се води борба против окупаторот, денес патриотизам е да се креираат мерки и да се води борба против невработеноста.

„Ако пред 80 години визијата беше слобода, еднаквост и правда, денес визијата е во новите работни места, во повисоките плати, во поразвиените општини. Затоа што слободата, демократијата, правдата и еднаквоста се наше секојдневие, затоа денес нам ни е полесно да си ја градиме државата отколку на нашите предци кои имале далеку потешка задача“, посочи Заев. Осврнувајќи се на понудата за претстојните избори претседателот Заев истакна дека по бројните сработени проекти, на Прилеп му треба континуитет на успесите, а гаранција за тоа е Горан Сугарески и советничката листа на СДСМ и Коалицијата.

ВМРО-ДПМНЕ

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека повеќе од сигурно е дека потребни се промени во време кога повторно слободата ни се ограничува, кога се прават поделби, кога нема одговорност за никого и ништо, кога книгите завршуваат во депонија, кога луѓето не чувствуваат сигурност, кога со нашето наследство власта прави трговија.

„Партизаните, нашите втори Илинденци, залудно не газеа по снеговите, не се бореа и гинеа за слободата за да денес прелесно допуштаме поигрување со таквото наследство, врежано во колективната меморија на слободарските антифашистички народи во Светот, на чие наследство како Македонија имаме полно право да се повикуваме. Никој нема право, а најмалку тие кои ја водат државата, да внесуваат сомнежи, ниту поделби или да прават трговија со нашата колективна заслуга во борбата против фашизмот. Нашите луѓе се пркосни, храбри, работливи и знаат што сакаат. Овој народ си ја сака среќата и местото под ова парче небо. И овој народ ќе се избори“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

ДУИ

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети истакна дека Албанците се горди на кадрите на ДУИ.

„Навистина се чувствувам горд на оваа инвестиција и националното богатство што го направивме во текот на овие 18 години. Нема поголемо задоволство и инвестиција кога ќе ја видите листата составена од професори и квалитетни кадри. Тоа беше сон многу години бидејќи во многу сектори, во многу институции немаше вработени, но барањата се зголемија и ние инвестиравме во националната агенда, во застапеноста на Албанците. Нашите населени места треба да се разубават и развијат како што напредувале земјите од ЕУ“, кажа Ахмети во Куманово.

АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ И АЛТЕРНАТИВА

Од Алијанса за Албанците обвинуваат дека директорите по училиштата од ДУИ вршат притисоците врз наставниците.

„Во последниве денови, многу наставници од основните и средните училишта пријавиле еден феномен колку вознемирувачки, толку и понижувачки за нашето општество. Некои директори, по наредба на владејачката партија, ДУИ, извршија притисок, закани и условување, од различен вид, злоупотребувајќи ја моќта што ја имаат во своите раце само уште неколку дена“, изјави денеска Лулзиме Ќоку, претседателка на собранието на жените на Алијанса за Албанците.

НЕЗАВИСНИ

Независните граѓански листи утрово од пред седиштето на ДИК истакнаа дека на независните листи им е скратено правото за увид во избирачкиот список, што е многу важно за планирање на кампањата. За самоволното преименување на вистинските називи на независните иницијативи, регистрирани во Општинските изборни комисии (ОИК), тие поднеле и претставка до Народниот правобранител, обвинувајќи дека ДИК отворено застанала на страната на најсилните, а не на најдобрите, за намерно да создаде забуна кај гласачите.

„Со своето досегашно постапување ДИК придонесува кон нерамноправната изборна трка на штета на независните граѓански листи и голем број граѓани кои се препознаваат во нас. И покрај нашите укажувања, за разлика од политичките партии, називите на нашите листи тенденциозно се тргнати од гласачките ливчиња, што е намерно создавање забуна кај гласачите. Исто така, на независните листи им е скратено правото за увид во избирачкиот список, што е многу важно за планирање на кампањата“, тврдат независните граѓански листи, обвинувајќи ја ДИК за пристрасност.

ИНЦИДЕНТИ

На 06 октомври e демолиран автомобилот на носителот на советничката листа на СДСМ за струмичко Ново Село, Иле Илиев, од кое се одземени неговите лични работи.

Илиев на својот Фејсбук профил објави видео во кое прашува: „За ваква ли мирна кампања зборувате ВМРО-ДПМНЕ! Жално… Не ли помисливте на моите деца кога ќе треба да ги носам во градинка и на училиште! Со кој стрес тие ќе се соочат! Нека ви е на чест!“.

Од ВМРО-ДПМНЕ демантираат дека нивни членови учествуваа во инцидентот.

ФИНГЕРПРИНТ АПАРАТИ, ГАРАНЦИИ И ОДГОВОРНОСТ

Во сабота на 9 октомври во ДИК пристигна и последната пратка од 1.300  апарати за отпечатоци од прсти. Вкупниот број на апаратите е 4.000 кои на денот на изборите, 17 октомври, а ќе бидат распоредени на 3.480 гласачки места. Биометриската опрема за гласање ќе се примени за прв пат на овие локални избори.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ