• Latest

И авионите летаат како што „свири“ ДУИ

January 5, 2024

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и “фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити?

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

И авионите летаат како што „свири“ ДУИ

January 5, 2024 14:06
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДИЈАНА ТАХИРИ

Старешината Ахмети ( како што милуваат да го нарекуваат неговите поклоници), вчера си го славеше роденденот во придружба на пејачи, а и самиот пееше.

Што има пак врска сега Али Ахмети, неговиот роденден со она што следи подолу? Или со авиони? Или со контрола на летовите на  авионите?

Додека траеше роденденската прослава ( дозволете ми малку фикција, бидејќи се случуваше во ист ден, колку и да не е во исто време од денот)  во објектот на скопскиот меѓународен аеродром, во просториите каде што се извршуваат исклучително комплексни задачи – контрола на прелети и се што подразбира тоа, како што е и безбеден лет, безбедни слетувања и полетувања, надзор на воздушните простори низ кои патуваат наши сограѓани и граѓани од целиот свет – членови на неговата партија и негови блиски соработници влегле и ги натепале службениците.

Ова не е инцидент, туку е продолжение на долгогодишната пракса на доминација на вработени со препорака од  ДУИ, со што контролата на летови на  скопскиот меѓународен аеродром, долги години е под феудално водство на оваа партија, која очигледно има монопол врз контролата на летовите, а со тоа, за жал и врз стотици илјади животи!

Ниту една реакција по вчерашното насилство и демонстрирање моќ – не е претерана. Замислете си само, доколку во текот на упадот на насилниците од ДУИ (имињата, односно името на главниот насилник го знаеме, Б. Незири, за кого само што прочитав дека е на распит во МВР) , се случеше хаварија во контролата, со голема веројатност од фатални последици?!? Па дури, меѓу патниците може да биле и членови на ДУИ, кои и вчера и денеска молчат ( или барем не се произнесуваат јавно), мислам повеќе од страв отколку од срам… Бидејќи главниот насилник е познат по демонстрации на сила, од порано.

Што се однесува до најавата од синдикатот на Контролорите за летање, за штрајк доколку тројцата извршни директори на М-НАВ не си поднесат оставки или Владата не ги разреши, не сум баш сигурна дали се работи за штрајк поради совесност при извршување на оваа деликатна работа, или, можеби, за замена на моќта во М-НАВ. Бидејќи, според досегашните искуства, да бидеш директор на М-НАВ во Македонија, а сега веќе и во Северна Македонија, е желба која доколку ти се исполни, ќе гледаш да ја живееш што подолго. Односно, ако може, до пензија!

Најмалку што очекувам, од МВР, да постапи најригорозно, исто и од ЈО. Дури, би побарала во име на патниците и авиопревозниците, и отштета за намерно попречување на контролата на летовите, и со тоа, директно донесување во опасност на ( наведете бројка) патници, членови на авионска посада и сите други кои во моментот би се нашле под директна закана од судир, пад на авионот.

Очекувам и поскоро објавување на нови имиња на „црната листа на САД“, па можеби и ќе се изненадам!

Звучи фаталистички, нели? За добро упатените во контролирање на летовите, можеби и звучи. За нас другите, не само што звучи, туку е и мисла која ќе не води секогаш кога ќе решиме да купиме авионска карта…

Што се однесува до славеникот Али Ахмети, на кого веројатно му се расипала прославата по веста за дивеењето на неговите поклоници, сметам дека е одговорен колку и насилниците. Бидејќи, според однесувањето, тие имаат „бланко“ дозвола од него, „старешината“, „таткото“ , да прават како што мислат, бидејќи се под негова закрила.

Што значи контрола на летовите?

Специјалистите за контрола на воздушниот сообраќај, или популарно „контролори на летови“ се одговорни за безбеден, уреден и експедитивен проток на воздушен сообраќај во глобалниот систем за контрола на воздушниот сообраќај. Обично стационирани во центрите за контрола на воздушниот сообраќај и контролните кули на земја, тие ја следат позицијата, брзината и надморската височина на авионите во нивниот назначен воздушен простор визуелно и со радарот и им даваат насоки на пилотите преку радио. Позицијата на контролор на летање  бара високо специјализирани знаења, вештини и способности. Контролорите применуваат правила за раздвојување за да ги задржат авионите на безбедно растојание едни од други и во соодветниот воздушен простор во нивната област на одговорност, и да ги преместуваат сите авиони безбедно и ефикасно преку нивниот доделен сектор на воздушниот простор, како и на теренот.

Бидејќи контролорите имаат неверојатно голема одговорност додека се на должност (честопати во авијацијата, „на позиција“) и донесуваат безброј одлуки во реално време на дневна основа, професијата „контролор на летови“  се смета низ целиот свет за една од ментално најпредизвикувачките кариери, и може да биде исклучително стресна во зависност од многу варијабли (опрема, конфигурации, временски услови, обем на сообраќај, тип на сообраќај, специјални активности, владини активности, човечки фактори) – дел од описот на работата на контролата на летовите), се наведува во дел од описот за контрола на воздушниот сообраќај на Википедија.

На здравје летање!


Текстот е личен став на Авторката.

Tags: ДУИконтролори на летањереакции
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ