• Latest

И битолската полиција повикува активисти на „информативни разговори“

June 1, 2016
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

И битолската полиција повикува активисти на „информативни разговори“

June 1, 2016 15:37
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Учесниците на протестите во Битола, денеска повикани на информативни разговори во СВР Битола.  ЦИВИЛ Медиа разговараше со Александар Ѓоргиев, еден од активистите кој утрово беше во полициска станица, во врска со неговото учество на протестите, кои веќе втор месец секојдневно се организираат во Битола.

“Нè повикаа според членот 243 став 2 од Кривичниот закон, кој се однесува на направена штета врз културно наследство, што нема врска. Очигледно, сакаат да направат притисок, затоа што немаат докази. Тие кажаа дека располагале со снимки од протестите, но знаеме како тие снимки се добиени. Јас им кажав дека протестирам редовно, и дека не го кријам тоа и не сакам да го кријам тоа. Се гледа дека е притисок, по атмосферата се забележа дека и на полицијата и е смачено.  Процесирано е тоа што им е кажано, беше само краток разговор. Морам да кажам дека беа коректни, инспекторот беше коректен”, истакна Ѓоргиев кој зборуваше и за начинот на кој бил спроведен информативниот разговор.

„Тоа им е наредено, да доаѓаат со полициски комбиња, да прават фама, да гледаат комшии… Вчера во 17,00 часот, дојдоа кај мене дома, со полициско комби, со полиција и ми доставија покана, за денес во 9:30 часот. На крајот од разговорот ми беше кажано дека исказот ќе биде разгледан, исто и доказите. Инспекторот ме информираше дека тој понатаму нема надлежност, само го води информативниот разговор. Им оставив мој телефонски број, следниот пат да ме повикаат телефонски, да не доаѓаат со полициски комбиња, доволно е да се јават и ќе се пријавам”.

13268542_969289153189554_8413193159941474554_o
Битола, 19 мај 2016

Според Ѓоргиев, притисоците кои ги вршат врз граѓанските активисти и врз учесниците на протестите нема да им успеат.

“Нема шанса да престанам да одам на протест, не ми е ни на крај  памет. По ова, протестите ќе  продолжат и ќе има и повеќе луѓе, токму поради тоа што се трудат да ни вршат притисок”, изјави Ѓоргиев.

На информативни разговори, во изминатиот период беа повикани и активисти во Скопје, Прилеп, Крива Паланка… Но, што се однесува на снимките кои се споменуваат како доказ според кој се повикани на информативни разговори во полиција учесниците во протестите, адвокатот Звонко Давидовиќ, изјави дека “она што го снима полицијата не е валиден доказ затоа што е неовластено снимање”.

Tags: граѓански активистиинформативен разговорМакедонијаполицијаПритисокЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ