Парлементот на Исланд денеска го ратификуваше протоколот за членството во НАТО за Северна Македонија.
Со оваа ратификација, 28 од 29 земји членки ја завршиле ратификацијата за НАТО или таа е во крајна фаза, и останува постапката да почне уште во Шпанија каде зависи од завршувањето на закажаните парламентарни избори на 10 ноември.
Во завршна фаза постапката за ратификација на македонското членство е уште во Велика Британија, Франција, Холандија и Италија.