Комитите пред некој ден најавија дека ќе преземат чекори против власта и побараа „жолти елеци“. Тие веќе најавија акција насловена „Во чест на отсутните“ кои со играње на фудбал ќе блокираат крстосници, соопштија на нивната Фејсбук страница.
„Велат отпорот никогаш не е залуден кога е инспириран од сонот за сопствена држава, кога е инспириран од сонот за своја сопствена татковина, слобода, братољубивост и еднаквост. Воден од овие идеали, Македонскиот народ еднаш веќе застанал на вистинската страна! Меморијален турнир во мал фудбал “Во Чест на Отсутните” биде најава за она што ќе следува наскоро во наша организација.
Во однос на изминатите 10 години оваа година турнирот ќе биде од јавен карактер и наместо на познатите локации ќе се одржи на една или повеќе клучни крстосници во нашиот главен град! Нека надлежните институции по допрен глас бидат известени за нашите намери“, додаваат тие.
Д. М.