ЗОРАН ИВАНОВ
Првата дама на Република Северна Македонија и првиот човек епилог од штотуку завршените парламентарни, уште и не седнати во кабинетите и таман нешто со Преспанскиот и по нешто со Добрососедскиот прикрпивме, успеаја, онака „државнички просперитетно“ пак да нè испокараат со соседите и од југ и од исток и не само со нив туку и со сите во ЕУ и скоро ќе се случи тоа и со западниот кој ни крив ни должен грешно закачен за нас го блокираме за ЕУ и, нормално, и со унгарскион со кого, не само поради милијардата туку таму има уште по некои во моментов не толку важни пикантерии но, најважното од сè e што нашата ни мила Татковина, онака постизборно, не губејќи ниту ден забрзано и гордо тргнува во рикверц и како што и навестија и како што новите властодршци веќе и почнаа да практикуваат некои нови третмани со соседите, посебно во однос на меѓународните договори и сето тоа, пред и да си го скршат носот и одвнатре меѓуетнички и однадвор меѓународно и притоа, и пред и да се покајат за лагите пред електоратот, кажано и во оваа една реченица, ќе успеат, тоа секако, да ја верификуваат штетата која можеби ќе е надоместлива но која, и овој пат, како и повеќепати досегa, неповратно загубено ќе е и ова време македонско.