• Latest

И по осамостојувањето, на младите без родителска грижа им треба поддршка

December 25, 2021

AНБ и АР го следеле Мицкоски додека бил во опозиција – известено е ОЈО

September 2, 2025
Скриншот од видео на CGTN

Полска ги започна најголемите воени маневри „Железниот бранител-25“, паралелно со руско-белоруските вежби „Запад-2025“ 

September 2, 2025

Белгија најави признавање на палестинската држава и санкции против Израел

September 2, 2025
Фотографија: Платформа Х

Шок бомби и интервенција на полицијата на комеморативната прошетка во Нови Сад за одбележување 10 месеци од трагедијата на железничката станица

September 2, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Талибанците бараат странска помош откако смртоносниот земјотрес во Авганистан однесе повеќе од 900 жртви

September 2, 2025
Фото: Скриншот од видео на TIMES NOW

Најмалку 1.000 загинати во лизгање на земјиштето во Судан

September 2, 2025

ИНФЛАЦИЈА ЗА СИТЕ – ПРОФИТ ЗА МАЛКУМИНА: Сите лица и наличја на српската и македонската олигархија

September 2, 2025
Фото; СДСМ/ Фејсбук

Македонски блок 2025: СДСМ со критика кон владините политики за реставрација на авторитарни модели и во одбрана на европската иднина

September 1, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ/Фејсбук

Македонски блок 2025: Наративот на ВМРО-ДПМНЕ за „национален проект за обнова на Македонија“ присутен во сите сегменти на политичката кампања

September 1, 2025

24 ЧАСА: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – вечен судир на наративи; Судири со полицијата во Нови Сад; Убиен портпаролот на Хамас; Една година ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

September 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

И по осамостојувањето, на младите без родителска грижа им треба поддршка

December 25, 2021 13:45
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

По напуштање на заштитните установи/семејства, односно на системот во кој биле згрижени, младите лица без родители и родителска грижа се соочуваат со низа предизвици и заради сериозната промена сè уште имаат потреба од поддршка и помош од државата. На почетокот од личното осамостојување, задоволувањето на нивните основни потреби (биолошки, социјални, психолошки) не се одвива лесно, а младите се уште се во возраст кога од големо значење се психолошките потреби од сигурност, безбедност, блискост, љубов, отсуство на страв и неизвесност.

Ова го покажува неодамнешното истражување во рамки на проектот „Овозможување на услови за социо-економска интеграција на децата без родители и родителска грижа“ спроведуван од Здружението за социјално претприемништво и одржлив развој АПИСЕЕД и Здружението за деца без родители и родителска грижа „Голема Фамилија“. Проектот е финансиран од Европската Унија во рамки на проектот „Дали личиме на ЕУ – Филмско документирање за мониторинг и заштита на човековите права во Северна Македонија“ имплементиран од НВО Конфиденс (Балкон3).

Според истражувањето, овие млади истакнале дека социо-емотивна поддршка им е потребна и во периодот додека самостојно продолжуваат во животот, продолжувајќи со образованието и личната надградба, со својот развој како личности. Посебно ја истакнуваат потребата да имаат со кого да разговараат и добијат водство за одредени прашања. Исто така, се потенцира дека постоечкиот систем на услуги и понудени законски решенија кои се однесуваат на децата без родители и родителска грижа не ги задоволува потребите на оваа ранлива група граѓани. Утврдени се низа недостатоци за чие надминување ќе биде потребна интервенција и менување на постоечката законска регулатива, но и изнаоѓање алтернативни решенија таму каде што системот е немоќен.

Покрај истражувањето, се одржа и тркалезна маса, на која заедно со претставници од Владата и надлежното Министерство за труд и социјална политика, како и претставници на здруженија на граѓани кои се борат за почитување на детските права и слободи, се дискутираше за резултатите од истражувањето, слабостите и недостатоците во постоечкиот систем за социјална заштита (пред се, правната регулатива) и дадените предлози во насока на измени на законската регулатива од оваа област.

Во духот на самиот проект „Дали личиме на ЕУ?“ како финална активност беше креирањето на краткиот документарен видео запис „Исправени пред предизвиците!“. Видеото е креирано за потребите на кампањата која повикува на почитување на основните права и слободи на оваа целна група, но и давање соодветна поддршка и помош, посебно на оние лица кои со навршување на 18 години се соочуваат со предизвикот наречен „самостоен живот“.

Свесни за предизвиците кои ги носи современиот начин на живот, испитаниците сакаат да се надградат со соодветни вештини и знаења кои ќе им овозможат да бидат конкурентни на пазарот на труд, односно, во крајна линија ќе им помогне да се осамостојат и да стекнат свој дом.

„Потребно е на локално ниво да создаваме модели и механизми за изнаоѓање решенија кои ќе им помогнат и овозможат на децата без родители и родителска грижа, но и на другите ранливи и маргинализирани групи, социјална и економска интеграција во општеството. Она што е најважно е што секој од нас може и треба да помогне во рамки на своите можности“ вели Александар Димитровски – претседател на здружението АПИСЕЕД.

Во видео записот, во кој Христијан Јованов, Иван Усовски и Сербез Ридаров ги споделуваат своите лични приказни за животот по напуштање на детскиот дом „11 Октомври“ и ги охрабруваат своите „браќа и сестри“ да веруваат во себе и да не се откажуваат од своите соништа. / META

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ИНФЛАЦИЈА ЗА СИТЕ – ПРОФИТ ЗА МАЛКУМИНА: Сите лица и наличја на српската и македонската олигархија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Си Џингпин распосла црвен тепих за Путин и Моди, додека самитот е во сенка на трговските војни со САД

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: Обвинет таткото-насилник кој тепаше малолетни играчи; како ВМРО-ДПМНЕ ја разбира статистиката – експлозивна изјава на Бранимир Јовановиќ; алармантен рекорд на насилството врз новинарите во Србија; оружје за 825 милиони долари од САД за Украина

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ