• Latest

Идната недела ќе се донесе одлука дали родителите на деца до 10 години ќе се ослободат од работа

September 4, 2020

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мирни локални избори засенети од висока политичка поларизација, висок број неважечки ливчиња, прекршување на молкот и говор на омраза

October 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Приливот на храна во Газа е сè уште далеку под целите, посочуваат од Светската програма за храна

October 21, 2025

Според меѓународните набљудувачи, локалните избори беа засенети од правни недостатоци, ограничени институционални капацитети и висока политичка поларизација

October 21, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Владата наложи вонредна инспекција во Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ поради кризата со отпадот

October 21, 2025

Европскиот парламент со резолуција за Србија: Растечка репресија, кинеско влијание и најголеми демонстрации во последните децении

October 21, 2025

Македонски туристи во Кина принудени да го тргнат македонското државно знаме

October 21, 2025
Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Саркози започна со отслужување на петгодишната затворска казна

October 21, 2025
Фото: ВИ

Прекршување на изборниот молк, лажни вести и говор на омраза

October 21, 2025
Скриншот од видео на The Hill

(ВИДЕО) Трамп до австралискиот амбасадор: И јас не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

October 21, 2025
Моментот кога Санае Такаичи ќе победи на Долниот дом на Јапонија. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Санае Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Идната недела ќе се донесе одлука дали родителите на деца до 10 години ќе се ослободат од работа

September 4, 2020 10:08
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На почеток на корона кризата или поточно 10 март, Владата на предлог на Комисијата за заразни болести донесе заклучок со кој, вработените лица кои имаат малолетно дете со навршена возраст до 10 години или активно четврто одделение, за кого е неопходна домашна грижа, еден родител да биде ослободен од работа и работни активности и неговото отсуство за време на овој период да биде евидентирано од страна на работодавачот како оправдано отсуство.

Со оглед на фактот дека школската година заврши на 10 јуни (тогаш завршува?), на 8 јули 2020 на 74 седница Владата донесе одлука за изменување и дополнување на одлуката за мерките за спречување на ширење на Ковид -19, односно родителите на деца до 10 годишна возраст, вклучени во воспитно образовниот процес, кои беа ослободени од работа, да се вратат на работните места, со оглед дека учебната година е веќе завршена.

Тоа значи дека со започнување на летниот распуст кај децата вклучени во образовниот процес, за нивните родители мерката со која беа ослободени од работа престана да важи, бидејќи и во нормални услови надвор од корона кризата, за време на летен распуст тие родители одеа на работа. Поради што и престана да постои потребата од нивното ослободување.

Но, мерката со која родителите чии деца одат во градинка се ослободуваат од работа остана да важи, поради фактот што градинките останаа затворени и немаше кој да ги згрижи децата додека нивните родители се на работа. Овие мерки ќе останат да важат се до донесување на други одлуки од Владата, кои се очекува да се донесат со отварањето на градинките и започнувањето на школската година.

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека на почетокот на следната недела ќе биде донесена одлука дали ќе продолжи да важи мерката за родителите на деца кои сега се ослободени од работа и за хронично болните.

На гостување во емисијата „10 минути“ на ТВ 21, министерот Филипче рече дека во следните денови за ова ќе биде отворена дискусија во Комисијата за заразни болести и оти одлука може да се очекува на почетокот на следната недела.

– Тоа беше одлука за родители на деца заради тоа што се затворија градинките и училиштата, вклучително и за луѓето кои се хронично болни за кои се уште важи мерката. Меѓутоа во следните денови ќе отвориме дискусија најпрво во Комисијата за заразени болести според проценката на ризик во сегашната ситуација на епидемијата и на почетокот на следната недела ќе донесеме одлука дали тоа ќе продолжи да важи или не. Секако дека еден од факторите што ќе се земе предвид е и отворањето на градинките. Тука зборувам за категоријата на родители на деца до 10 години чии деца ќе можат да одат во градинка. Значи, нова одлука и соодветна препорака ќе дојде на почетокот на следната недела, изјави Филипче.

Симона М. Живкова

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    181 shares
    Share 72 Tweet 45
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Хоџиќ: Демократската криза во Северна Македонија – од популизам до самоизолација

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ