• Latest

ИФИМЕС: Тајна разузнавачка операција „Коњски скок“ со цел да се врати Груевски на власт

May 14, 2021
Џелал Хоџиќ (фото: ЦИВИЛ)

Џелал Хоџиќ: Маратон кон ЕУ, спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 12, 2026
Севернокорејски ракетен систем KN-23 (фото извор: севернокорејски медиуми)

Севернокорејски ракети во рускиот арсенал на теророт: Воениот сојуз Кремљ-Пјонгјанг е закана за Европа и светот

August 12, 2026

Нема загадување, нема пријавена штета, нема докази за перење пари, но случајот „Мазут“ сѐ уште е жив

August 12, 2026
Игор Дурловски (фото извор: соопштение на ДУИ)

„Влада на исклучување“ наспроти „приватизација на Охридскиот договор“: Пресметка меѓу ДУИ и ВЛЕН за владиниот спот

August 12, 2026

Џелал Хоџиќ, СДА Македонија: Олигархијата го помага кочењето на интеграцијата во ЕУ

August 11, 2026
Вилен Темерјанов

Четири години од апсењето на Вилен Темерјанов: Новинарството не е злосторство – руската агресија е злосторство

August 11, 2026
Ерол Ризаов (фото: ЦИВИЛ)

ЦИВИЛ ги осудува смртните закани кон Ерол Ризаов: Институциите мора да ја прекинат културата на неказнивост

August 11, 2026
Кијив, 11 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Теророт на рускиот агресор не познава граници: Кијив, Запорижја и други градови под напад, погодена и детска болница

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје се незаконски и немаат правни последици

August 10, 2026
Шумски пожар (фото извор: ЦУК)

Европа и светот во пламен: Климатска криза, човечка небрежност и разорни последици

August 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

ИФИМЕС: Тајна разузнавачка операција „Коњски скок“ со цел да се врати Груевски на власт

May 14, 2021 23:27
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана со анализа на актуелната политичка состојба во Република Северна Македонија по повод одлуката на Европскиот совет за датумот на почеток на преговори на Северна Македеонија со ЕУ. Во опсежната анализа „Северна Македонија 2021 година: Дали ЕУ е пред нова историска грешка?“, покрај другото се говори за тајна разузнавачка операција под име „Коњски скок“ која имала за цел да го врати Никола Груевски на власт во Северна Македонија и да го урне постојниот политички естаблишмент.

„Северна Македонија е на геополитичка раскрсница и затоа е важно да се обезбеди траен мир и долгорочна стабилност на таа земја во регионален и меѓународен контекст. Токму заради својата геополитичка и геостратешка позиција, Северна Македонија е раскрсница на регионален и меѓународен криминал и затоа се прават огромни напори од Министерството за внатрешни работи и безбедносните разузнавачки агенции за сузбивање на криминалот и корупцијата на и преку нејзината територија.

Аналитичарите предупредуваат на тајна разузнавачка операција, во меѓународните кругови наречена „Коњски скок“, која имала крајна цел да го врати Никола Груевски во Северна Македонија и да го исфрли постојниот политички естаблишмент. Затоа, интензивно се работи на дестабилизација на државата преку постојано производство на бројни скандали. Разузнавачките служби откриле и лоцирале повеќе од 160 медиумски портали, кои произведуваат бројни лажни вести и скандали со намера да предизвикаат хаос и да ги дискредитираат првенствено премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Ова е поврзано со Адинамик Медиа, компанија што работи веб-страници што ја поддржуваат опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Адинамик Медиа е поврзана со унгарската јавна телевизиска мрежа Маѓар Телевизо (MTV), која ја фаворизира водечката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан.

На политичко ниво, се прават обиди да се блокира функционирањето на институциите, на пр. опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе повеќе од 2.000 измени и дополнувања на Законот за армијата на Република Северна Македонија, со што на овој начин директно се нарушува системот на НАТО. Предлог-законот за давање на македонско државјанство со тројца сведоци е мошне сомнителен и не е во согласност со меѓународните стандарди и може да влијае на административната промена на етничкиот имиџ и создавањето нови тензии.

Со нон-пејпери покренати од блиски сојузници на Никола Груевски, се прават обиди да се создаде хаотична атмосвера.

Нападите врз министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ќе бидат интензивирани бидејќи тој ги откри и ги демонтираше мрежите на одредени странски разузнавачки служби на територијата на Северна Македонија, и поради тоа, нападите врз него беа дизајнирани како еден вид одмазда за неговите успешни активности . Бугарија, Унгарија и некои други земји ќе мора да ја повлечат својата разузнавачка мрежа од Северна Македонија и да соработуваат во областа на разузнавањето врз основа на потпишаните договори. Загрижувачки е фактот дека клучните безбедносни предизвици и закани против Северна Македонија доаѓаат од земјите-членки на НАТО, чија членка е и Северна Македонија.

Аналитичарите сметаат дека центарот на тајната разузнавачка операција „Коњски скок“ е во Будимпешта и дека во неа се вклучени одредени шефови на држави, кои се сојузници на Никола Груевски, претежно од европската (радикална) десница. Поврзано со тоа е и изработката на „Нон-пејпери“, кои се во функција на враќање на Груевски во Северна Македонија и негово враќање на власт, затоа што проценија дека Зоран Заев со тесно парламентарно мнозинство може брзо да пропадне во создадената средина на хаос. Се поставува прашањето зошто НАТО толерира ваква активност на разузнавачките служби на некои нејзини земји-членки во Северна Македонија, што не е насочено само против националните интереси на суверената земја-членка, туку и против интересите на самото НАТО.“, се вели во делот од анализата „Северна Македонија 2021 година: Дали ЕУ е пред нова историска грешка?“ на ИФИМЕС, насловен – Тајна разузнавачка операција „Коњски скок“.

подготви: Ј. Ѓорѓиоски

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ