Синоќа од Собранието информираа дека пратеникот Илир Демири го известил претседателот на законодавниот дом дека ќе дејствува како независен пратеник.
Демири беше избран за пратеник од шестата изборна единица како дел од Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ.
По професија е лекар, инфектолог, а во претходниот владин состав ја извршуваше функцијата министер за здравство.
Пратеникот Демири беше дел од Алијансата на Албанците, која на 18 ноември донесе одлука да делува самостојно и повеќе да не биде дел од Европскиот фронт.
М. Д.












































