• Latest

„Илјада дена од војната против Украина“, изложба на фотографии во општина Кавадарци

January 22, 2025

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
Џабир Дерала, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Џабир Дерала: Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, само ако со тоа се согласи Белград

August 15, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 15, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Руски, српски, разни други светови има, а македонски свет има ли?

August 15, 2026
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026

Два јубилеи и една дијагноза

August 14, 2026
Сумска област, Украина, 14 август 2026 (фото извор: Сумска ОВА)

РУСКИ ТЕРОР: Станбена зграда во Краматорск уништена со наведувана бомба, мајка и деветгодишен син убиени во Сумската област

August 14, 2026
Петрит Сарачини, претседател на Институт за медиуми и аналитика (ИМА), Скопје, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Сарачини: Влијанието што го има во Македонија, Србија го користи како чип во играта со Западот

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Илјада дена од војната против Украина“, изложба на фотографии во општина Кавадарци

January 22, 2025 12:39
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Илјада дена од војната против Украина“ е насловена изложбата со фотографии што денеска беше отворена во општинската зграда во Кавадарци. Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев рече дека настанот се организира по повод Денот на соборноста на Украина, кога се одбележуваат скоро три години од почетокот на војната во Украина.

Јанчев истакна дека најнапред како човек, а потоа и како градоначалник на Општина Кавадарци, изразува солидарност и силна поддршка кон украинскиот народ,  сочувство кон семејствата на сите жртви во војната, а на сите им посака побрзо справување со траумата која ја доживеале.

– Амбасадата на Украина во Македонија, во чест на досегашната меѓусебна соработка помеѓу Општина Буча и Општина Кавадарци, секако и град Никопол и донацијата вода што ја остваривме но и целосната поддршка што ја пруживме на украинскиот народ, во просториите на Локалната самоуправа организира изложба на фотографии што ќе бидат изложени десетина дена. Со ова уште еднаш покажуваме солидарност и поддршка за украинскиот народ. Ќе продолжиме и во иднина, нагласи градоначалникот.

Јанчев подвлече дека ниеден човечки живот не заслужува да биде згаснат на ваков начин.

– Дури и во време на војна, човечкиот живот и човековите права мора да бидат заштитени. Посакувам само мирот во Украина да се врати што е можно побрзо. Никогаш да не се повтори, рече градоначалникот.

Амбасадорката на Украина, Лариса Дир му се заблагодари на градоначалникот за помошта што ја дава на Украинците, од почетокот, како што нагласи,  на оружената агресија на рф против Украина.

– Оваа хуманитарна мисија буди длабока почит и искрена благодарност за отвореното срце. Жителите на Буча, разрушена од русите, се благодарни за моќниот генератор што обезбеди живот за илјадници домаќинства во студениот зимски период. Жителите на Никопол се благодарни за чистата вода по последиците од уништувањето на Каховската хидроелектрана од страна на русите, истакна таа.

Амбасадорката нагласи дека Украинците го одбележуваат Денот на Соборноста, посебен чин на обединување на сите украински територии – важен настан за украинското државотворење, благодарна е за можноста да се организира изложба што ја прикажува борбата на Украинците против рускиот агресор за својата државност, за својот суверенитет и територијален интегритет.

– Украинците се благодарни на Северна Македонија за воената помош. Ние ја браниме нашата земја од рускиот агресор со поддршка на воената помош од партнерите, развивајќи ги истовремено и нашите одбранбени капацитети. Илјада шеесет и четири дена руска војна, исполнети со отпор, борба, херојство, но и со болка од загубите и секако со жед за победа, рече таа.

Притоа истакна дека остварувањето на праведен, севкупен и одржлив мир е нивната цел.

– Пред речиси една година, Генералното собрание на ОН ја подвлече потребата од што поскоро постигнување на сеопфатен, праведен и траен мир во Украина, во согласност со принципите на Повелбата на ОН и повторно ја истакна својата побарувачка кон рф веднаш, целосно и безусловно да ги повлече своите воени сили од територијата на Украина, повикувајќи на прекин на воените дејствија. Кремљ продолжува да го игнорира меѓународното право и меѓународните организации. Не можам да не истакнам дека на Украина й се потребни безбедносни гаранции, нагласи Дир.

Секако, подвлече таа, најефективната гаранција за Украина е членството во HATO, тоа останува еден од приоритетите на Украина.

– Ние сме уверени дека тоа ќе овозможи избегнување на таканаречените „сиви зони” кои само го хранат рускиот агресор и терористите. Ние сметаме на поддршката од Северна Македонија за поканата на Украина во Алијансата. Сакам, запознавајќи се со изложбата, да разберете дека рускиот ракетен терор продолжува. Секојдневно цивилните Украинци страдаат од авионски бомби, ракети, дронови кои русите ги фрлаат директно врз нивните глави, домови и станови. Украинските војници одбиваат стотици борбени напади од руските агресори секој ден, затоа противвоздушната одбрана е од витално значење за нас. Ова е злосторство на руската федерација кое продолжува во времето, рече амбасадорката.

Таа додаде дека последиците од ова злосторство имаат глобален карактер, вклучувајќи го и нападот врз целата глобална архитектура на безбедноста.

– Додека руската воена агресија не е надмината, Украина, реализирајќи херојска одбрана, очекува поддршка од партнерите во борбата против руската агресија и ја цени помошта на Северна Македонија, истакна Дир.

Пред присутните се обрати и Александар Урбанович, претседател на украинската заедница во државава. Тој рече дека денот е посебен, ден што го симболизира единството, храброста и борбата за слобода и независност на украинскиот народ.

– Фотографиите што ќе ги видите денес не се само слики од уништувања и трагедии, тие се сведоштва за издржливоста и хероизам на украинскиот народ, за љубовта кон татковината и за волјата за победа. Тие ги раскажуваат приказните на милиони луѓе кои ги загубија своите домови, но не ја загубија надежта, на војници кои се борат за иднината на своите деца, на волонтери кои го ризикуваат својот живот за да спасат други. Оваа изложба има уште една цел, да ја сподели со сите вас вистината за Украина, не само за страдањата, но и за нашите успеси, за поддршката што ја добиваме од нашите пријатели и за непоколебливата верба дека правдата и мирот ќе победат, истакна Урбанович.

Тој изрази благодарност до Општина Кавадарци и градоначалникот.

– Со посебна благодарност до компанија Кожувчанка за нивната голема поддршка на украинскиот народ. Вашата хуманитарна помош почнувајќи од првите денови на војната и до ден денес, вашата солидарност и вашата грижа за нашите сонародници во овие критични времиња, никогаш нема да ја заборавиме. И секогаш ќе ви бидеме благодарни на вашата хуманост и човекољубие. Вашата помош на Украина не само што го олесни животот на многу Украинци, туку и ја зацврсти врската меѓу нашите два народа, нагласи Урбанович.

Особена благодарност упати до Амбасадата на Украина, за нивната постојана работа и напори за промоција на украинската култура и за одржување на единство во овие тешки времиња.

– Вашата посветеност е од огромно значење за сите нас и за нашата заедница овде, во Македонија. Денешниот настан е не само потсетник за трагедијата која ја живееме, туку и симбол на надежта дека со заеднички сили можеме да изградиме подобра иднина. Се надеваме дека оваа изложба ќе инспирира повеќе луѓе да се приклучат кон борбата за мир, слобода и човечко достоинство. Ова не е само приказна за Украина, ова е приказна за сите нас, за силата на единството и за моќта на човечката волја, рече тој.

Дир и Урбанович се обратија на македонски јазик.

Пред Општината свечено беа подигнати знамињата на РСМ и Украина и беа интонирани државните химни на двете земји.

Извор и фото: МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ