• Latest
Фото: Телеграм канал на Регионалната воена управа на Одеса

Илјада дена руска агресија врз Украина: Во ракетниот напад врз Одеса бројот на повредени надмина 50, потврдени десет мртви; во областа Доњецк тројца загинати и 7 ранети 

November 19, 2024
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Илјада дена руска агресија врз Украина: Во ракетниот напад врз Одеса бројот на повредени надмина 50, потврдени десет мртви; во областа Доњецк тројца загинати и 7 ранети 

November 19, 2024 09:10
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Телеграм канал на Регионалната воена управа на Одеса

Фото: Телеграм канал на Регионалната воена управа на Одеса

Share on FacebookShare on Twitter

Во време кога целосната неиспровоцирана руска воена агресија врз Украина трае веќе илјада дена, со несмалена жестина продолжуваат руските ракетни и артилериски напади врз цивилни цели низ Украина.

Бројот на повредени во последниот рускиот ракетен напад на Одеса на 18 ноември надмина педесет, додека истовремео се потврдени 10 загинати.

„Повеќе од 50 луѓе се повредени како резултат на ракетниот напад врз градот Одеса, за жал, има жртви“, објави Одделот за здравство на регионалната воена управа на Одеса на Фејсбук, според Укринформ.

Од вечерта на 18 ноември, екипите на итната медицинска помош сè уште работеа на местото на ударот, со воспоставена итна рута за транспорт на пациенти.

За настраданите жители се формирани центри за затоплување во кои се нудат топли оброци и вода за пиење. Дополнително, медицинска станица со центар за ментално здравје им пружа итна помош на настраданите. Претставниците на Црвениот крст обезбедуваат вода, храна, средства за хигиена и топла облека.

Медицинска помош на лице место им се дава не само на семејствата на жртвите, туку и на други граѓани кои биле случајни сведоци на нападот.

Како што пренесува Укринформ, попладнето на 18 ноември руските сили ја нападнале Одеса со балистички ракети. Соборен проектил паднал во станбена населба. Претходните извештаи укажуваа на десет смртни случаи и 47 повредени.

Дополнително, на 18 ноември, руските напаѓачи убија тројца жители и повредија уште седум во регионот на Донецк.

„На 18 ноември Русите убија тројца жители на регионот Доњецк: двајца во Костијантинивка и еден во Сиверск. Уште седум лица во регионот беа повредени во текот на денот“, напиша Вадим Филашкин, шеф на регионалната воена управа на Донецк во објава на Фејсбук, пренесува Укринформ.

Тој нагласи дека вкупниот број на руски жртви во Донецката област (2877 загинати и 6425 ранети) е даден без да се земат предвид Мариупол и Волноваха.

Севкупно, од почетокот на целосната војна, најмалку 2.877 луѓе се убиени, а 6.425 други се ранети во регионот на Донецк. Овие бројки не ги вклучуваат жртвите во Мариупол и Волноваха.

Како што пренесува Укринформ, Русите на 18 ноември со топовска артилерија го погодиле квартот во Костијантинивка.

Драган Мишев

Tags: 1000 дена руска агресијаруски ракетен терор врз Украина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ