Вицепремиерот за политички систем, Артан Груби, објави фотографии од синоќешниот мировен фестивал што го организираше на плоштадот Скендербег по повод 21-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
Од фотографиите се гледа дека на него присуствувале илјадници млади луѓе.
Свој перформанс имаа неколку албански уметници: Ермал Фејзулаху, Нора Истрефи, Мајк, Кида и Фифи. Требаше да пее и Антониа Гигоска, но го откажа учеството. Како нејзина замена беше најавен Владо Јаневски, но и тој преку соопштение извести дека нема да настапи на мировниот фестивал.
Ова е прва година како се организира Фестивалот, а од Министерството за политички систем, најавија дека се стремат да го претворат во годишен фестивал за славење на еднаквоста, мирот и интеграцијата.