Categories

ДОГОВОР Илон Маск поднесува оставка во Тесла и плаќа казна од 20 милиони долари

Основачот на компанијата Тесла, Илон Маск, постигна договор со Агенцијата за надзор на пазарот на хартии од вредност на САД (SEC), која го обвинува за измама, со кој тој ќе ја напушти функцијата претседател на Управниот одбор, но ќе остане генерален менаџер.

Според договорот, Маск и Тесла мора да платат надомест од по 20 милиони долари.

Како извршен директор, Maск ќе продолжи да биде одговорен за операциите за  производство на автомобили кои минуваат низ деликатната фаза во момент кога се обидува да создаде модел на електрично возило од средна класа и негово масовно производство.

Тесла ќе мора да именува двајца независни директори во УО, а еден од нив ќе преземе претседавање. СЕЦ со тоа планира УО подобро да го надгледува Маск.

Маск сепак, не ќе може да биде на чело на УО во следните три години.

Во четвртокот, СЕЦ официјално го обвини Маск дека со Твит за повлекување на Тесла од берзата  инвеститорите ги довел во заблуда. Компанијата потоа загуби околу 14 отсто од вредноста. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email