• Latest
Џабир Дерала на ТВ Шења, октомври, 2023

Има ли спас?

January 13, 2024

Израел и Хамас се договорија за првата фаза од мировниот план на Трамп за Газа

October 9, 2025
Илустрација: ВИ

СДСМ во Демир Капија, Росоман, Кавадарци и Неготино; ВМРО-ДПМНЕ во Зелениково, Илинден, Центар и Кисела Вода

October 9, 2025

Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

October 9, 2025

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Има ли спас?

Да. Само треба да се прочита, а потоа и да се дејствува

January 13, 2024 08:52
in ЕДИТОРИЈАЛ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала на ТВ Шења, октомври, 2023

Џабир Дерала на ТВ Шења, октомври, 2023

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Кога правото се користи за дисторзија на процесите и постигнување на скриени цели во полза на поединци или структури на моќта – правдата и владеењето на правото исчезнуваат.

Кога системот ќе се соочи со криминална и партиска окупација, тешко може да се извлече од тие канџи, особено ако:

  • силите во општеството и државата немаат доволно капацитети и/или волја да се соочат со последиците од заробената држава,
  • ако распоредот на силите во парламентот се неповолни за носење закони што ќе обезбедат функционирање на правосудниот систем.

Знаете на што мислам? Ако одговорот е не, веројатно тука треба да го напуштите овој текст и да пуштите ТВ или да одите на некој од многубројните „оливери“ или неутровморонски портали. Таму, сѐ е наместено за да ги потврди сите ваши предрасуди.

Правда

Независно судство? Да, судството е независно од изборните процеси во државата. Особено ако не се искористи лостот на политичката моќ тоа да се реформира и ослободи од другите форми на зависност и спреги кои немаат врска со владеење на правото. На тој начин е „независно“ судството, поточно, препуштено е на брановите од влијание од сите моќници и центри на моќта што имаат потреба да го држат тасот на правдата во земјата.

Во македонскиот случај, тоа најмногу, најдиректно и најдлабоко се однесува на: 1) наследството од режимот на Груевски, 2) моќниците (македонски варијанти од тоа што се подразбира под поимот олигархија), 3) политичките партии или делови од нив, кои беа и останаа во спрега со криминалот, 4) субверзивно-шпионската мрежа со команден центар во Кремљ, комотно распослана низ целиот систем. Вклучително и во – „не дај боже“, а „дал господ“ – поединци на стратешки места на кои најмалку треба да се дозволи нивното влијание и дејствување.

Затоа и дојде до застарувањето на делата, да не речам, пропаст на предметите што ги започна и водеше (со неславен крај) СЈО.

Живите краци на режимот

Режимот на Груевски и неговата фамилија (Мијалков и други) спроведоа максимална злоупотреба на државата и институциите, во прв ред судството, финансиите и безбедноста, а потоа и медиумите, образованието, културата и верските заедници. Прислушувањето беше само „забавниот“ дел од целата хорор приказна; „забава“ за која не можеме ни да ги насетиме вистинските димензии и пропорции. Режимот на Груевски грубо ги газеше човековите права, стекна невидена предност и моќ во бизнисот, политиката и правосудството до денешен ден.

Непознато ќе остане колку се финансиски моќни. Станаа пребогати крадејќи јавни пари, меѓу другото и прибирајќи такви податоци за бизнисот во земјата и надвор од неа, што во нормална држава, не само што не би ги имале, туку би се соочиле со тешки законски санкции ако воопшто се обидат да се стекнат со нив. За безбедноста и да не говориме.

Со други зборови, тие се секогаш во предност и можат да прават, практично, сѐ што сакаат и да се богатат бескрајно. Дури и сега.

Сите стратешки информации се во нивни раце. Не можеме, барем не целосно, да им веруваме на политичарите, а ниту на судиите, затоа што не знаеме колкаво влијание имаат живите краци на режимскиот октопод врз нивните постапки и одлуки.

Прошетка низ институциите на правдата

Со застарување на нивните дела, колку поради блокадите од ВМРО-ДПМНЕ, толку и поради (често необјаснивиот) неуспех на власта да покаже повеќе цврстина и упорност во реформските процеси – неславните ликови во македонската политика ќе добијат (веќе добиваат), не само слобода, туку уште повеќе моќ и влијание во иднина.

Замислете си само. Оние што се на црната листа на Стејт департментот, само се прошетаа низ институциите на правдата. Во меѓувреме се креираа закони, а други беа блокирани (!) или модификувани до непрепознатливост, за тие да не почувствуваат ништо од затворските казни со кои судовите ги казнија буквално симболично. А најголем дел од случаите, едноставно се чекаше да застарат. Кој чекаше? Погледнете погоре, набројани се.

Истите ликови

Истите ликови, со поддршка од нивните марионети (во академијата, медиумите и невладините), утре ќе се појават на говорница или пред камери и ќе бидат патриоти или фактори на стабилноста. Тие ќе се наметнат дури и како пресудни играчи во процесот на ЕУ интеграцијата, иако работеа и сè уште вредно работат токму на блокирање на евроатлантскиот пат на земјата. А некој потоа ќе го нарече ова демократски дијалог и трансформација. Пих!

Тоа веќе сега се гледа. Медиумите и политичарите кои со години за сѐ ја обвинуваат актуелната влада, веќе поитаа да им седнат во скут. Никој веќе не се чуди на тоа. Такви „трансформации“ се веќе вообичаени во македонското политичко мочуриште. Може да ги направи луѓето недоверливи, апатични и огорчени, но не и зачудени. Што, пак, им одговара на протагонистите во мрачните сценарија.

Едно лично искуство

Авторот на овие редови го искусил, не еднаш, грдиот аршин на правдата во македонските судови. Најнов пример е судската првостепена пресуда против авторот, а во корист на Мицковски. Тој цимоли пред судот (поднесе две тужби), а истовремено лансира бранови црна кампања против авторот на овие редови, преку своите медиумски кучиња и хајка со омраза и смртни закани преку партиските трол армии. А судот? Судијката, пак, пресуди (првостепено) дека Џабир Дерала сум му ги загрозил човековите права на Христијан Мицковски и тоа, ни помалку, ни повеќе, туку според Европската конвенција за човекови права, чл. 8 и 10. Небаре јас сум држава, а тој, кутриот, е жртва на државен прогон. Да пукне човек од смеа. Горчлива. Затоа што се работи за опасен преседан.

Ќе прашате: Па, има ли спас!?

Да!

Во општеството, во институциите и во политиката (сѐ уште) има прогресивни сили кои ќе продолжат да се борат оваа земја да опстане на демократскиот курс и да извлече лекции од неуспесите, за да не ги повтори грешките.

ЕУ е (единственото) добро решение за нас. Не заради парите, како што сугерираат некои ликови (тие треба сами да ги заработиме, а не да бидеме уште еден социјален случај пред бриселските порти), туку заради вредностите и квалитетот на животот. И да го одговориме прашањето во насловот. Да, има многу простор за оптимизам. Општества со далеку поголеми предизвици денес се среќни, успешни и просперитетни.

Неуспехот денес, не е причина луѓето да се откажат од битката за подобро утре.

Но…

Борбата за подобро утре мора да се заснова на чисти и јасни цели, а најмногу на вредностите на едно демократско и инклузивно општество, обединето во различностите, во кое целосно, недвосмислено и бескомпромисно се почитуваат еднаквоста и човековите права и слободи.

Компромисот на сметка на вредностите, не е компромис, туку пораз.


Текстот е личен став на Авторот. Извор: ЦИВИЛ МЕДИА
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украина ги прекинува дипломатските односи со Никарагва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ