• Latest
АРХИВА На Мицкоски му е премногу. Митинг на ВМРО-ДПМНЕ, 18 јуни 2022 (Фото: К. Михаилов/ЦИВИЛ)

Дерала предупредува на опасен преседан против слободата на говорот во пресудата од судскиот спор со Мицкоски

June 27, 2023

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Дерала предупредува на опасен преседан против слободата на говорот во пресудата од судскиот спор со Мицкоски

June 27, 2023 13:54
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
АРХИВА На Мицкоски му е премногу. Митинг на ВМРО-ДПМНЕ, 18 јуни 2022 (Фото: К. Михаилов/ЦИВИЛ)

АРХИВА На Мицкоски му е премногу. Митинг на ВМРО-ДПМНЕ, 18 јуни 2022 (Фото: К. Михаилов/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Уредникот и новинар Џабир Дерала очекува сериозно да се разгледа случајот со првостепената неправосилна пресуда во полза на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за клевета, бидејќи, како што вели, политичарот ја злоупотребува пресудата во остварувањето на цели насочени против слободата на говорот и демократијата.

Според новинарот, нападот на Мицкоски има карактер на лична пресметка, но целта е да се дискредитираат и заплашат неистомислениците, а особено носителите на прогресивните идеи и ставови.

„Вака изгледа срамот од лагите на власта, уште еднаш осудени се дека клеветат. На големиот христијански празник Прочка водеа кампања со лаги, навреди и измислици по кој знае кој пат овие пет години, против мене и моето семејство. Сакаа да ме изедначат со нив и претстават како политички профитер и криминалец. За таа цел СДСМ и ДУИ ги вклучија сите свои медиумски слуги да ме навредуваат мене и честа на моето семејство со лаги, измислици и конструкции. На тој подол начин мислеа дека ќе спечалат на краток рок некој политички поен. Не успеаја…, а денес ја добив пресудата во прв степен, а еден од тие медиумски слуги е осуден дека сторил клевета, со изнесување невистини и се задолжува на негов трошок да ја објави пресудата во еден дневен весник. www.frontline.mk го прекршил членот од 8 од ЕКЧП како и кодексот на новинари на Македонија. Можеби мала утеха, но доволна за лична сатисфакција…“, напиша Мицкоски на социјалните мрежи на 20 јуни, по објавата на првостепената пресуда.

Во анализата на Дерала се наведува дека во оваа објава постојат опасни преседани кои може да имаат долготрајно негативно влијание врз работата на медиумите и слободата на говорот воопшто.

Најпрвин заради употребата на изразот „лагите на власта“ – дали е тоа наследството од Груевски, според кого медиумите „природно“ ѝ припаѓаа на власта. Односно не се прави разлика меѓу медиуми, граѓанско општество и власт, што беше одлика на ‘заробената држава’ од 2016 година.

Дел од забелешките е и невоздржувањето од поигрување со религиозните чувства на граѓаните. Споменувањето „голем христијански празник“ е целосно неважно во целиот контекст и според Дерала ова има за цел да испровоцира говор на омраза по верска основа, манипулирајќи со верските чувства на граѓанките и граѓаните.

Уредникот појаснува дека сè започнало со еден текст што е пренесен на неколку портали, па и на оние во тој е одговорното лице, но поради реакцијата на Мицкоски, со која тој навредувал, клеветел и се заканувал не добил извинување за текстот.

Воедно, се критикува и спорниот дел од неговата фејсбук објава каде Мицкоски сам пишува дека во „спорните“ објави бил наречен профитер и криминалец, а такви тврдења во текстот нема.

Понатаму, политизирајќи ги нештата Мицкоски обвинува дека зад текстот стојат медиумски слуги и се служат со „лаги, измислици и конструкции“. Дерала коментира дека Мицкоски сака да биде главен опозиционер, но има голем проблем со критиката. Токму од овие причини новинарот го поставува прашањето дали и тој да покрене тужба заради ваквите квалификации.

Дерала вели дека негова должност е да ја алармира јавноста дека таргетот не е само јас, туку слободата на говорот. Најголемата опасност и преседан, според новинарот, е што Мицкоски го потенцира фактот од пресудата, која во еден дел се темели на Конвенцијата за заштита на човекови права, поточно членот 8: ‘Секој човек има право на почитување на неговиот приватен и семеен живот, домот и преписката. Јавната власт не смее да се меша во остварувањето на ова право, освен ако тоа мешање е предвидено со закон и ако претставува мерка која е во интерес на државната и јавната безбедност, економската благосостојба на земјата, заштитата на поредокот и спречувањето на кривични дела, заштитата на здравјето и моралот, или заштитата на правата и слободите на другите, во едно демократско општество’.

-Ова значи дека секој што некогаш ќе се осмели во иднина да напише нешто што не му одговара на Мицкоски или било кој друг политичар, може да биде суден и осуден според овој член, па нека се работи и за пренесена изјава или текст, за што во македонските закони не е предвидена одговорност. Јас не можам, дури и да сакам, да ги повредам човековите права на Мицкоски. Напротив, тој има позиција која тоа му го дозволува, пишува Дерала.

FRONTLINE

Tags: ДералаМицкоскиправдаслобода на говорот
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ