• Latest

Имаме право на одговор: За што се трошат нашите пари?

November 21, 2018

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Имаме право на одговор: За што се трошат нашите пари?

November 21, 2018 08:15
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Буџетот на државата ТРЕБА ДА се чита и да се анализира и да се коментира и да се проблематизира. Од институции, организации, граѓани и, пред сè, од пратениците.

Мирјана Најчевска

За да може тоа да се направи, буџетот треба да биде претставен на начин достапен на различни категории луѓе, а, пред сè, на пратениците (за што воопшто не се бара ниту некоја посебна стручност ниту пак некое посебно знаење или пак интелектуални капацитети).

Вака како што е даден буџетот на државата е нејасен и во голема мера фактички недостапен за поширок број граѓани, а пред сè за пратениците.

Јас, ете, си го читав буџетот (како лаик во областа на финансиите) и во очи ми паднаа неколку интересни моменти (со заплет, а без расплет) за кои мислам дека вреди да се постават прашања од нашите избраници во највисокото тело на власта кое треба да го изгласа овој буџет.

Прво за неколку интересни зголемувања на буџетот. Некои енормно големи, а некои незначителни:

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БУЏЕТОТПРАШАЊЕ
ВЛАДА Зошто е толку зголемен буџетот на Владата? Кои се тие додатни активности и трошоци кои ја поттикнале Владата да бара за себе самата толкаво зголемување? Овде е потребно многу прецизно и децидно објаснување за секој зголемен трошок, а не само некое паушално објаснување.
Година – илјади денари
2018 – 2.072.1852019 – 3.914.665
СЕКРЕТАРИЈАТ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР Што е тоа што бара зголемени средства за спроведување на договорот кој веќе е преточен во Уставот и во законите?

Кои се тие активности кои бараат толкав трошок, а кои излегуваат надвор од редовното работење на државните институции и редовното следење на спроведувањето на Уставот и на законите?

И како тоа за сите помали заедници (под 20%) е предвидено трошење десет пати помало од она кое што е предвидено само за една заедница на која пред се’ се однесува Рамковниит договор?

2018 – 611.3002019 – 628.363
АГЕНЦИЈА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА 

ЗАЕДНИЦИТЕ

 
2018 – 10.6502019 – 11.123
МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ Кои се тие нови и зголемени активности на Министерството за финансии кои бараат три пати поголем буџет од претходниот?
2018 – 730.8332019 – 2.033.025
УПРАВА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ Што ќе прави УЈП во полза и во интерес на граѓаните за да се бара два пати поголем буџет од претходниот? Дали можеби планираат во електронски систем на даночна пријава да ги вклучат и кучињата- скитници?
2018 – 719.6002019 – 1.101.325
ДИРЕКЦИЈА ЗА ТЕХНОЛОШКИ ИНДУСТРИСКИ

РАЗВОЈНИ ЗОНИ

 Во 2012 година од позиција на опозиција СДСМ го критикува отворањето голем број индустриски развојни зони  „Да се видат можностите кои потенцијални инвеститори би дошле и доколку има доволен интерес, тогаш да се оди на отворање на технолошко – индустриско развојни зони или развојни зони. Во спротивно, се останува во сферата на реклама и маркетинг, а реално нема инвеститори или изградени фабрики во Република Македонија.“ Врз основа на кои анализи сега од позиција на власт мисли дека треба да се дуплира буџетот на Дирекцијата за истите тие индустриски развојни зони?
2018 – 822.7002019 – 1.399.400
ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЖИВОТНА 

СРЕДИНА

 Доколку заштитата на животната средина е приоритет, а е веќе посочен проблемот со идентификување на големите загадувачи, зар не би било логично да се зголемат средствата на овој инспекторат барем дупло од она малку што го имал во претходниот период?
2018 – 20.2022019 – 29.925
ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО И

УРБАНИЗАМ

 Ако се има предвид хаосот во урбаното градење зар не е логично видливо зајакнување на овој инспекторат, наместо шминкање со минимална финансиска поддршка? Или, прво ќе почекаме урбаната мафија да ги заврши започнатите проекти па … да почне со нови?
2018 – 14.3452019 – 15.562
ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ ЗА ШУМАРСТВО И 

ЛОВСТВО

 Во услови на пустошење на шумите и неконтролирано ловење на дивеч, зголемувањето од 1000 не е смешно туку може да биде само трагично.
2018 – 17.3002019 – 18.458
АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ Три пати поголемиот буџет ка Агенцијата за катастар навистина бара посебно објаснување.
2018 – 200.0002019 – 675.810

 

А има и намалувања на буџетот за кои вреди да се постават прашања:

НАМАЛУВАЊЕ НА БУЏЕТОТПРАШАЊЕ 
ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ ЗА ТЕХНИЧКА

ИНСПЕКЦИЈА

 Зошто се намалуваат средствата на инспекторатите кои се поврзани со заштитата на работниците и на граѓаните и тоа во областите кои веќе се идентификувани како ризични и проблематични?

Државниот инспекторат за техничка инспекција меѓу другото е надлежен за инспекција на рудниците и  вршењето на геолошките истражувања и експлоатацијата на минералните

суровини (област во која граѓаните имаат големи несогласувања со власта).

Комуналната хигиена е една од рак раните на државата.

Во областа на повредите на работно место Македонија зазема високо место на европската мапа.

2018 – 22.3592019 – 22.045
ДРЖАВЕН КОМУНАЛЕН ИНСПЕКТОРАТ 
2018 – 12.9092019 – 12.264
ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ ЗА ТРУД 
2018 – 106.9502019 – 104.375
МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА Овие две министерства се единствените за кои е предвидено намалување на буџетот (и тоа не мало, туку многу значајно намалување).

Што ја поттикнало Владата да предложи вакви мерки во однос на овие две министерства?

2018 – 314.3502019 – 227.145
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА 
2018 – 440.4002019 – 277.794

Буџетот на една владеачка структура зборува за политиките кои ги спроведува, за намерите, за правецот на развој на државата.

Трошењето на парите собрани од граѓаните не смее да биде произволна желба на власта, туку осмислена активност која се базира на многу јасни премиси.

ВМРО-ДПМНЕ создаде услови за многу лесно крадење на парите на граѓаните. Основна задача на оваа власт е не само да ја казни претходно направената кражба, туку да спречи создавање услови за нова.

 


ЗАБРАНЕТО И ЗА ДЕЛУМНО ПРЕЗЕМАЊЕ ПРЕД 12 ЧАСОТ

Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share19TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ