Во вестите во 17 часот на МТВ дописникот од Белград се јави од протестите во Белград . Вестите ги водеше главниот уредник Стојан Трпчевски а резултатот, апсорбиран преку сликата од конкретниот прилог, беше дека на Славија се собрале одвај 20-тина луѓе (!) што гледаат во некој излог?! Инаку, во стварноста имало огромен, величествен собир, но МТВ ја задржа оценката за бројот на собраните за подоцна, веројатно за вестите во 19.30, па од https://4news.mk/mvr-gi-prebroi-graganite-na-protestot…/ се гледа дека е преземена бројка за 28-29 илјади! А ги имаше толку што некој воопсто и не може да ги преброи, но не знам чија слика е користена тогаш?
Од снимките од воздух може да се извлече сосема поинаков заклучок, пред сè, оние кои го знаат тој простор. Јас ја гледав масата на Н1 кога се враќаа по улицата на Крал Петар (некогашна маршал Тито) за дома и тоа минување на луѓето богами траеше. Јасно, од Славија луѓето си одат по многу широки улици кои се распрснати од тоа место на сите страни!
На РТС и го препорачувам овој наш уредник на заем – мајстор е за редуцирање на вести. Изгледа тие таму, во РТС по малку попуштаат пред притисокот на јавното мислење! За нашиов, со онаа слика од грст луѓе што не знаат каде се наоѓаат, пропагандата на Вучиќ одамна би дала „царство“.
Нека ги видат неговите извештаи од Брисел кога е таму Мицковски или интервјуто со двајцата кандидати за претседателската трка со еден учесник во студиото, па да видат со каков тоа мајстор си имаат работа.