• Latest

Името сè уште „се крчка“, можен договор до петок

May 31, 2018

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Името сè уште „се крчка“, можен договор до петок

May 31, 2018 09:49
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Со Грција сè уште нема договор за прашањето за името,  а исчекор се очекува до петок, до кога треба да се случи најавениот телефонски разговор  меѓу македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас, што треба да биде заокружување на договорената рамка за решението на последната средба меѓу шефовите на дипломатиите Никола Димитров и Никос Коѕијас.

– Се уште не е ништо договорено. Како што соопштија министрите Димитров и Коцијас договорени се принципи и начела на договор. Се работи на правно формалниот аспект на самиот договор, следува разговор помеѓу мене и премиерот Ципрас, верувам деновиве, вечерва, утре или до петок. На овој разговор очекувам да направиме исчекор што е многу значаен и затоа ги следиме сите шпекулации во јавноста, рече премиерот Заев, во вчерашниот отчет за едногодишната работа на Владата.

Договорот ќе треба да се ратификува во Собранието пред да се одржи референдум, којшто, според Заев, веројатно ќе биде во септември или октомври.

За усвојување на договорот во Парламентот Заев се надева на големо мнозинство во Собранието заедно со опозицијата. Тврди дека нема ништо тајно и непознато во чекорите за спроведување на договорот и оти тоа се работи што се разговарале на лидерската средба пред неколку дена. На лидерската, како што рече, и претседателот Ѓорге Иванов бил целосно информиран за сите детали, а финесите што следеа потоа ќе му ги пренесе министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Грчкиот премиер, пак, вчера оцени дека се наѕира перспектива за решение за името. Во говорот на годишното генерално собрание на грчката Федерација на претпријатија, говорејќи за улогата на Грција како столб на стабилност на Балканот, Ципрас како пример ја спомена „перспективата за решение што се наѕира во тешките, но неопходни преговори со поранешната југословенска Република Македонија“.

– Преговори со кои управувавме и продолжуваме да управуваме со чувство на одговорност и патриотизам. Но, и со решителност и верба во потребата за изнаоѓање решение, рече Ципрас.

Истовремено со пораките од Заев и Ципрас, претседателот Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, порача дека  не е прифатливо решение за името ерга омнес.

– Ставот на претседателот Иванов е принципиелен, а воедно и конзистентен со ставовите на сите досегашни претседатели на Република Македонија. Тој став е дека претседателот Иванов не прифаќа решение за прашањето за името за севкупна употреба или ерга омнес, се наведува во соопштението од Кабинетот на Иванов.

Според македонската страна во преговорите, ниту едно име не е фаворизирано, а за грчката страна решението ќе биде со име од трите предлози на медијаторот на ООН Метју Нимиц „Република Нова Македонија“, „Република Северна Македонија“ или „Република Горна Македонија“.

За доработка на рамковниот договор во пресрет на средбата на премиерите заседаваат  експертски работни групи од Македонија, Грција и од Обединетите нации.

По постигнување на конечно решение, се предвидени повеќе чекори. Договорот да биде изгласан во македонското Собрание, а потоа со допис Грција да го извести НАТО дека го одобрува влезот на Македонија во Алијансата. Следата фаза, на 28 и 29 јуни на Самитот на ЕУ, на Заев и официјално да му биде доделен датум за почеток на пристапни преговори на Македонија со Унијата, а на 11 и 12 јули на Самитот во Брисел да следува официјална покана за влез во НАТО. Во септември или октомври, да се одржи референдум за името, потоа македонското Собрание да одобри уставна ревизија  по што договорот треба да стигне во грчкиот Парламент на ратификација. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ГрцијаДоговориметоМакедонија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ