• Latest

Имињата на училиштата во Чаир во изборна трка

March 4, 2020
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Имињата на училиштата во Чаир во изборна трка

Сменувањето на имињата на училиштата само еден месец пред парламентарни избори, е типична изборна манипулација и злоупотреба, со којашто, исто така, тешко дека ќе се добијат повеќе гласови. Особено не, ако таблите со имињата висат над главите на децата, како потсетник на партијата што ги злоупотребува...

March 4, 2020 18:43
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Пред два дена, министерот за образование  Арбер Адеми соопшти дека по долги години имињата на две училишта во општина Чаир – „Рајко Жинзифов“ и „Никола Вапцаров“, се сменети. Новите имиња се „Имри Елези“ и „Исмаил Ќемали“.  Законската промена на имињата доаѓа пред самите парламентарни избори, а веќе со години се применуваат во декларативна форма. На решението за промена на имињата вчера реагираше претседателот на СДСМ, Зоран Заев, повикувајќи ги институциите да го повлечат решението, бидејќи е незаконско, а  денеска излезе со нова изјава, дека по консултации со правни тимови, решението е сепак во согласност со Законот, и дека за тоа не било потребно Бадинтерово мнозинство.

Генералниот секретар и шеф на Централниот изборен штаб на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари на денешната прес-конференција изјави дека менувањето на имињата на неколку училишта во Општина Чаир е смешен чин.

„ДУИ е на власт 18 години и не ги смени имињата на училиштата имајќи ги локалната и централната власт. Имајќи ги сите инструменти на власт не успеаја да ги сменат имињата на училиштата и сега на само еден месец пред изборите ги сменија. Ја поздравувам оваа одлука, но требаше уште многу порано да се направи, а не сега“, изјави Таравари.

*

Училиштата во општина Чаир со години се соочуваат со неопремени училници, руинирани тоалети, несредени дворови и изнајмување внатрешни и надворешни простори  за лични финансиски придобивки на штета на учениците и објектот.  Во општина Чаир целодневна настава се одржува само во едно училиште, заради недостиг на простор и квалитетен  просветен кадар, а веќе 30 години, бројот на учениците во класовите достигнува и 40, што се коси со сите  наставни стандарди.

Во средина со етничко мнозинство жители не би требало да биде проблем институциите да се именуваат со имиња на јазикот на заедниците, бидејќи тое е еден од начините со кои зачувуваат историските вредности на еден народ, и затоа, во општество што се стреми кон негување различни вредности, би требало да биде нормален процес, а не предмет за меѓупартиско препукување  на штета на граѓаните. И секако, на учениците.

Квалитетот на наставата и наставните кадри тешко дека ќе се поправат со смената на имињата на училиштата, и тешко дека ќе се подобрат условите во кои учениците го поминуваат поголемиот дел од денот, 5 дена неделно. Сменувањето на имињата на училиштата само еден месец пред парламентарни избори, е типична изборна манипулација и злоупотреба, со којашто, исто така, тешко дека ќе се добијат повеќе гласови. Особено не, ако таблите со имињата висат над главите на децата, како потсетник на партијата што ги злоупотребува…

Дијана Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ