Како Републиканците го бранеа Трамп – и кој гласаше за отповикување?
Републиканците во Конгресот во САД се длабоко поделени откако 10 члена се поделија од партијата за да го отповикаат претседателот Доналд Трамп во средата.
Конгресменката Лиз Чејни, трето рангирана Републиканка во Претставничкиот дом, се соочува со повици за нејзина оставка од лидерската улога по нејзиното гласање за отповикување.
Оние кои гласаа против Трамп се соочуваат со закани за насилство и имаат зголемено обезбедување, велат тие.
Ова се случува додека Трамп се подготвува да ја напушти претседателската функција и се соочува со судење во Сенатот.
Претставничкиот дом со 232 гласа наспроти 197 гласа во средата игласаа негово отповикување за наводно потикнување на бунтовниците кои упаднаа во Конгресот минатата недела.
ФБИ предупреди за можни вооружени протести планирани за Вашингтон и сите 50 главни градови на сојузните држави на САД во пресрет на инаугурација на новоизбраниот претседател Џо Бајден во среда.
Лиз Чејни, конгресменка од Вајоминг, чиј татко беше потпретседател на Републиканецот Џорџ Буш, се соочи со итни повици за нејзина оставка откако гласаше за отповикување на Г-дин Трамп за поттикнување бунт против владата на САД.
„Јас не одам никаде. Ова е глас на свест“, истакна Чејни, откако конзервативните бранители на Трамп повикаа таа да даде оставка.
„Тоа е прашање каде што има различни ставови во нашиот конгрес. Но, нашата нација се соочува со невидена, од Граѓанската војна досега, уставна криза“, таа им рече на новинарите во средата, додека Трамп беше отповикан по историски втор пат.
Друг Републиканец има истакнато дека тој и неколку негови колеги имаат набавено заштитна облека и дека се принудени да ги променат своите нормални рутини по добивањето на закани за насилство.
„Жално е што сме доведени до таа точка, но знаете нашите очекувања се дека некој можеби ќе се обиде да не убие“, изјави Републиканецот од Мичиген Питер Мејер за MSNBC во четвртокот.
„Не знаеме што следно ќе се случи. Не очекувавме Конгресот да биде упаднат за прв пат по 200 години“, рече тој.
„Па така во оваа невидена средина, со невиден степен на страв, на поделеност и омраза, мора да го земеме во предвид секое сценарио“.
Превод: Н. Цветковска