• Latest

Иницијатива за заедничко родителство по развод

April 23, 2018

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Иницијатива за заедничко родителство по развод

April 23, 2018 14:46
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓанската иницијатива заедничко и одговорно родителство по развод  на 25 Април – Светскиот ден за борба против родителско оттуѓување ќе одржи собир пред македонското Собрание, на кој ќе бидат побарани промени во семејното законодавство, за овозможување заедничко родителство по развод.

Наум Рибароски од Граѓанската иницијатива заедничко и одговорно родителство по развод истакна дека барањето за измени е резултат на забележувањето дека се повеќе деца се предмет на родителско оттуѓување, односно влијание на едниот родител за да го отфрлат другиот, што, вели, е една од најтешките форми на злоупотреба на децата и е директна последица од начинот на постапување на државата со децата од разведени бракови и нивното доделување на чување и воспитување на само еден родител. Исто така, рече тој, се забележува дека државата нема намера да застане на пат на ваквата злоупотреба на децата.

– Лекот за родителското оттуѓување е имплементирање на принципите на заедничко и одговорно родителство по развод. Во таа смисла, на 25 Април ќе ги поднесеме нашите барања до Собранието и до Владата на РМ, надевајќи се дека надлежните конечно ќе се свртат кон решавање на овој горлив проблем, наместо досегашните изговори зошто не може да се реши, рече Рибароски на денешната прес-конференција.

Појасни дека како иницијатива се залагаат за воведување на 50-50 поделено, подеднакво, заедничко или споделено старателство.

– Детската амбасада „Меѓаши“ се залага да се даде ваква можност кога ќе оценат Центрите за социјална работа дека двајцата родители може да преземат еднаков дел од обврските во подигнувањето и воспитувањето на детето и негов правилен раст и развој. На овој начин, двајцата родители ќе имаат исти права и обврски кон детето во неговиот раст и развој, како и при донесување одлуки за детето, односно ќе практикуваат одговорно и квалитетно родителство и по разводот, рече претседателот на Меѓаши Драги Змијанац.

Досегашниот концепт на еден главен родител на кого му се доверуваат целосно децата на грижа и воспитување и еден спореден родител кој има крајно ограничено време за остварување на квалитетно родителство, сметаат од Иницијативата е пред се штетен за децата кои де факто го губат едниот родител.


Извор: МИА

Tags: Влада на Република МакедонијаДраги ЗмијанацМеѓашиСветски ден за борба против родителско оттуѓувањеСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ