На вториот ден од јавната расправа на Комисијата за труд и социјална политика во однос на Предлог-закон за социјална заштита, претставниците на „Инклузива“, здружение за промоција и развој на инклузивно општество доставија предлог за измена и доплнување на истиот од чии наоди проилезе документот „Состојба и предлог -мерки за дополнителна здравстна и социјлана заштита на лицата со попреченост и нивните семејства“. Овој документ за јавни политики е продуциран во рамките на проектот: „Граѓани во Собрание: Законодавни иницијативи за човекови права“, финансиран од Европската унија и кофинансиран од Фондацијата за демократија Вестминстер.
Во истражувањето беа вклучени 22 здруженија кои ги застапуваат правата на лицата со попреченост и нивните семејства, 139 лица со попреченост, 116 родители на деца/лица со попреченост, 9 експерти од областа, 2 претставници од Министерството за труд и социјална политика, 2 претставници од Фондот за здравствено осигурување, 1 претставник од Министерството за здравство, 2 претставници од Институтот за дефектологија и 8 претставници од Комисијата за заштита од дискриминација.
„Наодите што произлегоа од истражувањето укажуваат дека социјалната инклузија не постои за лицата со попреченост и нивните семејства, социо-економскиот статус на семејствата на лицата со попреченост е многу низок, ангажманот на институциите е недоволен, не постои меѓусекторска соработка меѓу институциите, а социјалната заштита е минимална.
Здружение „Инклузива“ во период од 2016 до денес од надлежните институции постојано бара:
Промена на Законот за социјална заштита со која ќе се овозможи изедначување на правата на згрижувачките и биолошките семејства на лица со попреченост, но по ова прашање не е направено ништо.
Подготвен е Предлог-закон за социјална заштита, кој е доставен во собраниска процедура по скратена постапка. Овој Предлог -закон за социјална заштита има ограничувања за користење поддршка и помош на лицата со попреченост и нивните семејства и ја влошуваа нивната социо-економската состојба, но и ненамерно ја поттикнува потребата од сместување во институции на лицата со попреченост, а постојано се промовира дека набрзо ќе биде целосно спроведена деинституционализација на оваа категорија на граѓани.
Правото на парична помош од социјална заштита е предвидено само за згрижувачи, а семејствата на лицата со попреченост не можат да остварат никакво право на поддршка од страна на државата. Сето ова води кон отежнување на процесот на нивно активно вклучување во заедницата. Поради грижата за членот со попреченост што е единствена задача на семејството, ограничени им се можностите за засновање на работен однос, што ги доведува во социјален ризик и сиромаштија.
Прашањето е дали семејстовто се казнува затоа што се грижи за својот член со пореченост, односно се казнува затоа што не го сместило во институција?
Покрај родителите трагедијата се продолжува со поголем обем врз нивните браќа и сестри, затоа што тие според овој закон ќе имаат обврска да ги згрижат и издржуваат лицата со попреченост, а од државата освен казна не добиваат ништо друго како заштита на нивните човекови права.
Апелираме и упатуваме барање до Вас и сите пратенички групи да ја поддржат иницијативата на здружението „Инклузива, за промени на Предлог -законот за социјална работа со што ќе се овозможи да се воведе ново право во истиот, Додаток за родител/старател-неговател. Ова е значаен чекор што треба да се преземе доколку сакаме да се постигне некаков напредок во оваа област. Сите засегнати страни играат улога, но системското решавање на проблемот е клучно. Од особено значење е Собранието да биде во можност да препознае дека со квалитетната социјална заштита без ограничувања, лицата со попреченост и нивните семејства ќе имаат еднакви можности за вклучување во секој аспект од општественото живеење, со што ќе покажете дека работите во интерес на создавање еднакви можности за сите граѓани, обезбедувајќи им достоинствен и квалитетен живот и нивна инклузија во општеството.
За споредба, ја разгледавме законската регулатива за социјална заштита на држава што се стреми за влез во Европската унија, а беше дел од поранешна Југославија (Црна Гора), која е речиси иста по големина и со број на население како нашата држава. Во Црна Гора, во законодавството за социјална заштита во 2015 година е направено дополнување со кое е овозможено, лицата со попреченост што имаат лекарско мислење дека се работонеспособни добиваат додаток наречен лична инвалиднина. Родител/старател на лице со попреченост што користи лична инвалиднина добива статус родител/старател-негувател и користи додаток со висина од 193,00 евра месечно, без оглед на работниот или пензискиот статус“, се вели во барањето на „Инклузива“.