• Latest

Иновациски проект од Северна Македонија доби НАТО поддршка за креирање на армиска униформа која ќе препознава нервен гас

June 25, 2021

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Иновациски проект од Северна Македонија доби НАТО поддршка за креирање на армиска униформа која ќе препознава нервен гас

June 25, 2021 14:48
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката Радмила Шекеринска и професорот на Технолошко – металуршкиот факултет при УКИМ, Игор Јорданов денеска информираа за одлична вест за нашата одбрана, економија и наука. Имено, НАТО програмата „Наука за мир и безбедност“ одлучи да го поддржи проектот за развивање на нова повеќефункционална високотехнолошка војничка униформа со специјални својства за потребите на Армијата на Република Северна Македонија.

Проектот се состои од развој на лесна и комфорна повеќефункционална војничка униформа која што ќе биде огноотпорна, ќе штити од микроорганизми и од УВ зрачење и со промена на својата боја ќе детектира нервни гасови.

Министерката Шекеринска истакна дека со овој проект покажуваме дека нашиот придонес во Алијансата не е само воен, туку и научен.

„Денеска покажуваме дека нашата земја не придонесува само воено во НАТО, туку дека можеме да придонесуваме и како иноватори и како луѓе од науката и да покажеме дека државата има што да понуди и на овој план. Иновираме и поддржуваме иновации кои што ќе значат и подобра Армија и кои што ќе значат посилна Алијанса“, рече министерката.

Шекеринска порача дека ова е шанса и за младите иноватори и научници, но и шанса за нашата економија и додаде дека и Министерството и Владата секогаш ќе поддржат проект кој е добар за државата.

„Со средствата од НАТО проектот ќе можеме да ангажираме дополнителни млади кадри, ќе можеме да ангажираме и постоечки научници и да и дадеме шанса и на Армијата да има добри продукти, но и на македонската економија да има нови шанси за заработка. Сево ова се надевам дека ќе биде добра порака до нашата академска заедница, да бидат иницијативни и да знаат дека ќе ја добијат секогаш поддршката на државата, на Владата и на Министерството за одбрана“, рече министерката.

Професорот Јорданов порача дека во рамки на проектот кој заеднички го реализираат со Технолошко – металуршкиот факултет од Србија и Универзитетот А&М Тексас од САД, шанса за развој во областа на нано-премазите ќе имаат и млади научници од нашата земја, а скопскиот факултет ќе добие Лабораторија за напредни материјали.

„За време на овој проект најмалку двајца млади истражувачи од Република Северна Македонија ќе се едуцираат во областа на нано-премазите и во областа на депонирање на нано честички. Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје ќе добие Лабораторија за напредни материјали во вредност од околу 90.000 евра, која што ќе биде една од малкуте кои што ги има во Југоисточна Европа“, рече професорот и дополни дека со заедничката работа на тимовите ќе се создаде технологија која што ќе биде многу битна за нашата земја и за останатата научна заедница.

Шекеринска и Јорданов ги охрабрија иноваторите и научниците да бидат активни, да аплицираат со свои проекти на повиците на НАТО програмата „Наука за мир и безбедност“, зашто тоа е добро за науката, но и за одбраната и за економијата на нашата земја.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ