• Latest

Инстаграм „херојот“ Вучиќ тврди дека нема да се предаде, иако никој тоа не го бара од него

September 4, 2020

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА БЛИЦ

Инстаграм „херојот“ Вучиќ тврди дека нема да се предаде, иако никој тоа не го бара од него

Српските политичари, откако се сликаа насмеани со американските посредници во српско-косовските преговори, излегоа пред медиумите велејќи дека притисокот врз нив бил силен и агресивен, но дека тие „нема да се предадат“, дека „се борат“ и слични типично балкански изјави на „херојство“.

September 4, 2020 08:45
in БЛИЦ, ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЏАБИР ДЕРАЛА

Работа за младите, отстранување на царинските препреки и процедури, нови патишта, железнички пруги и авио линии меѓу Србија и Косово, нормализација на односите, накратко – економијата пред политиката, се дел од нацрт договорот што го понудија американските посредници на првиот ден од косовско-српските преговори во Вашингтон, на 3 септември.

Вучиќ на Инстаграм и дел од неговите ортаци во српската влада на другите мрежи, излегоа со популистички (националистички) пораки. „Мојата порака до сите во нашата преубава Србија е – предавањето никогаш не беше опција! Да живее Србија!“ Видеото е со слаб тон, Вучиќ малку несигурен, така, малку како покакан, па неопходен е транскрипт за да се разбере што зборува. Но, тоа може и да се очекува, и самиот во изјавата вели дека се наоѓа на неколку десетини метри од Белата куќа.

Инстаграм „херојството“ на Вучиќ

Што е работата? Точката 10 во документот што го понудиле американските посредници се однесува на взаемно признавање меѓу Србија и Косово за да се направат можни и економските мерки за просперитет на регионот. Српските политичари, откако се сликаа насмеани со американските посредници во српско-косовските преговори, излегоа пред медиумите велејќи дека притисокот врз нив бил силен и агресивен, но дека тие „нема да се предадат“, дека „се борат“ и слични типично балкански изјави на „херојство“.

Твитот на Ричард Гренел

Ричард Гренел, пратеникот на американскиот претседател, на тоа одговори со краток твит: Not true. (Не е вистина.) Изгледа дека толку и заслужува оваа најнова акробација на Вучиќ, кој се удира в гради (тивко) дека нема да се предаде, иако никој тоа од него не го ни бара.

Насловите во дел од македонските медиуми за „непокорот“ на Вучиќ

Приказна за себе се медиумите. Српските наслови се шарени, но голем дел говорат за извонредните можности што ги пружа договорот. Дел од македонските наслови – „посрпски“ од српските, би рекол, повеќето од првите сто наслови на оваа тема на 3 август може да се сведат на: „Вучиќ брутално го одбил американскиот предлог да го признае Косово!“

Зоран Заев повлече нога. Балканот се стабилизира. Извесно е дека ќе дојде до нормализација, а можеби и до меѓусебно признавање на Косово и Србија. Ако не во Вашингтон, тогаш во Брисел, каде што се селат преговорите на 7 септември. Аирлија!

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ