ВЕСТ НА ДЕНОТ
Ковачевски-Мишел: Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е прашање од највисок приоритет
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, како дел од својата програма со активности за време на Преспа форумот за дијалог, денеска имаше средба со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, информираат од прес службата на Владата.
На средбата, на која присуствуваа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи, стана збор за геополитичките предизвици што ги донесе руската агресија на Украина, поради што забрзувањето на интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ стана врвно прашање од највисок приоритет, вклучително со зајакнување на отпорноста на регионот од влијанијата на трети страни.Премиерот Ковачевски на средбата со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, истакна дека Северна Македонија целосно ги исполни условите за почеток на преговорите и врз основа на што е донесена и препораката за безусловен почеток за отворање на поглавјата во март 2020 година.Ковачевски и Мишел на средбата разговараа и за учеството на Република Северна Македонија во повеќе регионални проекти поддржани од ЕУ, особено во делот на соработката во енергетиката како што е интерконекторот за гас со Грција, гасната централа во Александропулос и гасното поврзување со Србија и Косово, кои се поддржани од средства од Економскиот инвестициски план на ЕУ.
Бриф: Патот до Преспа
Во Охрид денеска започна дводневната меѓународна конференција Преспа форум за дијалог, во организација на Министерството за надворешни работи, чие овогодинешно издание го носи името „Градењето на иднината на западниот Балкан во современата безбедносна архитектура“.
Преспа форумот за дијалог ќе ги опфати најгорливите безбедносни, политички и економски прашања со кои денес се соочуваат Европа и Западниот Балкан, со посебен осврт врз импликациите на војната во Украина врз севкупните меѓународни, политички, безбедносни, економски прилики во Европа и пошироко.
Гласам, значи постојам!
ЦИВИЛ го набљудуваше и Референдумот со 28 долгорочни набљудувачи и 307 краткорочни набљудувачи низ целата земја, акредитирани од Државната изборна комисија. Како општествено одговорна организација, ЦИВИЛ во текот на септември 2018 година го спроведе проектот „Гласам, значи постојам“ со главна цел остварување на неприкосновеното право на глас на граѓанките и граѓаните. Како општествено одговорна организација, ЦИВИЛ во текот на септември 2018 година го спроведе проектот „Гласам, значи постојам“ со главна цел остварување на неприкосновеното право на глас на граѓанките и граѓаните.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
„Има политичка волја Бугарите во земјава да бидат внесени во нашиот Устав, но тој не може да се отвори и измени за една недела, туку за околу сто дена. Покрај овој технички аспект, постои и политички – треба да има гаранција дека уставните измени се последното барање од владата на Бугарија. Бараме цврсти политички гаранции и од ЕУ, не само од Софија“, кажа претседателот на државата Стево Пендаровски одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет Жан Мишел, на Преспа форумот за дијалог, во Охрид.
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел смета дека Северна Македонија и Албанија треба што е можно поскоро да ги почнат преговорите со Европската унија, што е важно не само за двете земји туку и за целиот регион воопшто, особено во контекст на новите геополитички случувања. „Европската политичка заедница“, нагласува, не е алтернатива за проширувањето, туку процес кој ќе овозможи продлабочување и унапредување на соработката, пренесува МИА.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Претседателот на Франција Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц, премиерот на Италија Марио Драги и претседателот на Романија Клаус Јоханис го посетија Ирпин, регионот Киев, известува Укринформ повикувајќи се на ТВ БФМ.
*
Украинските воени сили ќе ја ослободат целата територија на земјата од руските освојувачи, вклучувајќи го и Крим, го пренесува Укринформ министерот за одбрана на Украина Олексеј Резников во разговор за Си-Ен-Ен.
*
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во четвртокот во Брисел пред втората сесија од дводневниот состанок на министрите за одбрана на НАТО изјави дека сојузниците на НАТО и нивните клучни меѓународни партнери се непоколебливи во својата поддршка за Украина во отпорот на војната за агресија и се подготвени да продолжат да даваат поддршка за Украина уште долго време.
*
Деца родени по февруари. 24 во окупираната Херсонска област ќе бидат принудени да добијат руско државјанство. Руската државна новинска агенција ТАСС исто така објави, цитирајќи руски полномошници во Херсонската област, дека сираците, исто така, биле принудени да земаат руски пасоши, пренесува Kyiv Independent.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ИНТЕГРАЦИИ Премиерот на Бугарија, Кирил Петков, денеска до Народното собрание ќе го испрати францускиот предлог за укинување на ветото на Република Северна Македонија и почеток на преговорите за членство во Европската унија. Ова го споделил самиот Петков пред своите најблиски соработници, јавија бугарските медиуми.
Петков кажал дека е „детално запознаен со шемата како ќе се случи сето ова: В четврток официјално ќе биде испратен до сите земји-членки на ЕУ, а јас лично утре ќе го испратам во парламентот. Лично зад мене стојат Емануел Макрон и Олаф Шолц. Ќе го прифатиме, а потоа продолжуваме понатаму“.
ЗАТВОР На социјалната мрежа Твитер утрово се објавени неколку кратки видеа на кое се гледа како осудениот на 12 години затворска казна за насилството во Собранието од 27-ми април, Горан Ангелов Ќосето конзумира хероин во затвор. Тој тврди дека пушел шеќер.
ОДБРАНА Министерката за одбрана Славјанка Петровска овие два дена учествува на НАТО состанокот со нејзините колеги од Алијансата, една од темите на денешната седница ќе биде буџетот за одбрана во контекст на војната во Украина, јави дописничката на МИА од Брисел.
Ланг Спасовска: Работиме на едукација на младите генерации за заштита на животна средина
ЗАД ДИМНАТА ЗАВЕСА
Димитриевски: Една лажна вест може да предизвика сериозна дестабилизација во општеството
„Отоврање на голем број на портали, отвора голем број можности на пласирање на информации во јавноста. За жал голем дел од нив се непроверени информации, а се пласираат од луѓе што се занимаваат со новинарка дејност“, вели градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во разговор со ЦИВИЛ Медиа на тема дезинформации и пропаганда.
МУЛТИКУЛТУРА
Елезовски: Помеѓу обичните смртници нема етнички проблеми
Мултикултурализмот живее во нашата душа, меѓу обичните смртници нема никакви проблеми, поделбите ги прават одредени фактори кои имаат негативни струи и прават да стагнираме, вели Ашмет Елезовски од Национален ромски центар, Куманово.
СЛОБОДНА ЗОНА

Пропагандата на рашистите во изминатите години, а особено во изминатите месеци, во најголем дел се состои во обид да ги оправдаат грозоморните воени злосторства што ги спроведува руската армија и паравојски во Украина. Зошто? Затоа што се дел од истата лажлива криминално-диктаторска матрица. Агендата е позната. Да приграбат што е можно повеќе влијание, да предизвикаат политичка криза и дестабилизација. Ете, затоа ги нарекувам со нивното ново име – рашисти, иако се работи за истите ликови, чија морална конституција не може да се опише никако, освен со најпогрдни зборови. Ете, тие се носители на „специјалната операција“ против македонските национални интереси и спроведуваат валкана пропаганда против поединци, групи и институции.
Некултура, незнаење, вулгарност и омраза се главните одлики на нивните пропагандни активности. Сепак, најмногу од сѐ, во нивната пропаганда се гледа страв. Страв дека ќе бидат разобличени, страв дека може да ги изгубат позициите, парите и моќта, страв дека нема да успеат да се стекнат со уште повеќе пари и моќ. Срам? Тоа немаат, пишува Џабир Дерала во колумната „Лажлива криминално-диктаторска матрица“.












